Наука

Нова фотографија од Марс покажува постоење на некогашна река

8. февруари 2019 - 9:29 | МИА

Европската вселенска агенција ЕСА и Руската вселенска агенција Роскосмос објавија фотографија која прикажува делта на некогашна река на Марс, која наликува на речната делта на Нил.

Фотографијата е направена од ExoMars и овозможува идеален поглед на коритото на древна река, докажувајќи дека некогаш во минатото по површината на Црвената планета течела вода.

„Иако сега водата во течна состојба веројатно не постои на Марс, оваа фотографија покажува дека постоела пред многу години. Жолтите дамки на фотографијата укажуваат на оксидирани наслаги од железо, што е знак дека карпите кои ја чинат делтата некогаш биле прекриени со вода“, соопштија научници од Роскосмос.

Орбитерот ExoMars е лансиран во 2016 година и ја проучува Црвената планета од 2003 година.

Новата мисија е закажана за 2020 година.

Коментирај