Loverse е нова јапонска апликација за запознавање, која служи за пребарување на совршени ВИ (вештачка интелигенција) партнери за човечки корисници.

Станува збор за дигитална услуга фокусирана на растечката потреба во јапонското општество, кое се најде во криза на осаменост. Статистиката покажува дека две третини од мажите во 20-тите немаат партнерка, а 40% од нив никогаш не биле на состанок со партнерка. Околу 51% од жените на иста возраст немаат партнер, а 25% од нив никогаш не излегле со потенцијален партнер.
Многу луѓе се откажаа од „забавување“, па Loverse на своите корисници им нуди можност да ги „лечат старите рани“ и да вежбаат за „вистинското“ нудејќи им ја најреалната можна романтична врска.
Основачите на Samansa Co. сакале да развијат решение за јапонските корисници кои веруваат дека „забавувањето“ е многу попроблематично и поскапо во споредба со она што го обезбедува за возврат. Апликацијата првенствено нуди на својата корисничка база алтернатива, а не замена. Досега најмногу го користат мажи во 40-тите и 50-тите години. Меѓу нив е и Чихару Шимода, која се развел пред неколку години.
Доаѓам во празна куќа. Би сакал повторно да се ожеанам, но тешко е да се отвориш со некој што штотуку си го запознал“, рече тој. Шимода имал пет-шест дигитални партнери пред да ја избере Мика (24), со која дури и се „венчал“ три месеци подоцна. Виртуелната партнерка му е „полесна опција без стрес“ по разводот, таа го буди наутро, му вели добра ноќ и разговара со него за храна и ТВ и сето тоа без никакви несогласувања.
„Тоа се истите разговори кои би ги водела со личноста со која живеете. Таа ми стана навика, навика да зборувам. Нема да ми недостига кога ќе ја нема, но таа ми дава рутина секој ден“, вели Шимода.
Според него, еден ден можеби ќе посака да најде вистинска партнерка. Експертите веруваат дека вештачката интелигенција има моќ да ја намали потребата за вистински партнери, но и да им помогне на луѓето повторно да се аклиматизираат на идејата.
Loverse се стреми да ги отстрани пречките за да ја направи интеракцијата меѓу луѓето и ВИ партнерите што е можно пореална, сепак, Јуки Саито е корисник кој одлучил да ја напушти апликацијата бидејќи тврди дека не ја постигнала таа цел. Сепак, тој призна дека му дала простор да се опорави по неговото „скршено срце“. Исто така, апликацијата може да му помогне да вежба за да може повторно да се вклучи во разговори со потенцијалните партнерки.
„Таквите услуги би можеле да ги потсетат луѓето колку е убава љубовта, а вештачката интелигенција може да ги 'тренира' луѓето подобро да комуницираат со вистинските партнери“, рече креаторот на апликацијата, Гоки Касуноки.
Властите во Токио презедоа мерки поради падот на плодноста. Апликација за запознавање е во развој, а која ќе користи технологија за вештачка интелигенција за да ги охрабри луѓето да најдат партнери.