Нова книга на Ненад Георгиевски: Уште музика и муабети

На 10 декември со почеток од 20 часот во клуб-ресторанот МКЦ ќе се одржи промоција на книгата „Уште музика и муабети“ на новинарот Ненад Георгиевски во издание на „Полица“.

Книгата е втора во серијата изданија и е уште една колекција на интервјуа со домашни и со странски музичари, фотографи, режисери и дизајнери што се работени во период од 17 години, од 2001, па сè до 2018 година, и се објавувани за повеќе медиуми од Македонија, Србија, САД и од Хрватска.

Станува збор за разговори со врвни и познати претставници во своите музички жанрови, односно за уметници што настапувале во Македонија или во регионот: Мариза, Конча Буика, Пет Метини, Џон Скофилд, Бил Фрисел, Ал ди Меола, Енди Самерс („The Police“), Џошуа Редман, Чарлс Лојд, Руичи Сакамото, Зоран Маџиров, Џоле Максимовски („Кабадајас“), Доријан Јовановиќ и многу други.

Книгата се состои од 60 интервјуа во кои се опфатен голем број теми што се однесуваат на повеќе аспекти од занимавањето со музика, почнувајќи од инспирацијата, оригиналноста, искуствата, начинот на работење, па сè до илустрации, дизајни, книги.

Бидејќи станува збор за претставници од различни музички жанрови што уживаат голем углед и популарност, а разговорите со нив ги надминуваат дневните теми и опфаќаат суштински аспекти на музиката, уметноста и создавањето, книгата може да биде приемчива за пошироката публика, но и за оние што професионално се занимаваат со музика.

Во однос на претходната книга, „Музика и муабети“, која се состоеше исклучиво од интервјуа со музичари, во „Уште музика и муабети“, покрај интервјуата со познати музичари, листата на соговорници се шири и тука ќе се најдат и интервјуа на познати фотографи, режисери на документарни филмови и графички дизајнери.

Сите нив ги спојува љубовта кон музиката и работата на полето на музиката. Сите овие фотографи се интервјуирани поради соработката со реномирани ѕвезди и поради тоа што, како резултат на таквата соработка, објавиле книги. На пример, фотографите Стивен Шапиро и Брајан Рашиќ на тема за Дејвид Боуви, фотографот Даниел Крејмер за Боб Дилан, Хари Бенсон за „Битлси“. Тука се и интервјуата со дизајнерите Крис Биг (за Дејвид Силвијан) и Стив Аверил (за „U2“).

Освен самата содржина, големиот број фотографии на музичарите од домашни и странски фотографи дополнително придонесуваат за нејзината атрактивност.

Воведот е напишан од композиторот Џијан Емин, кој е и еден од соговорниците во книгата.

Уредник на книгата е Тони Димков. На самата промоција, настап ќе има бендот на Гоце Стевковски.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Култура

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more

Бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите, 18 април

Read more

Премиера на претставата Хеда Габлер в сабота во Драмскиот театар – Скопје

Read more

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Read more
 

Вести

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Читај повеќе

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Читај повеќе

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Читај повеќе

Дел од неколку скопски населби без струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Читај повеќе

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе