Нова колекција на Мирјана Јосифоска - Lavender Fields

Модната дизајнерка Мирјана Јосифоска ја претстави новата колеција на шапки и модни додатоци именувана Lavender Fields. Колекцијата е создадена со цел – спојување на македонската агрикултура со културата.

Колекцијата е инспирирана од полиња со лаванда кои се наоѓаат на висорамнината Витачево, Тиквешија, со надморска височина од 800-1.000 метри, кои секоја година ги одгледуваат Цветанка Колева и нејзиниот сопруг.

Преку употребата на занаетчиски техники и материјали од природно потекло, дизајнерката создава уникатни модели во обид да ја зачува традицијата на рачно создадени шапки. Притоа, вреди да се напомене дека дизајнерката го има создаено првиот бренд за дизајнерски шапки во земјава.

Употребувајќи материјали и конци од природно потекло, дигитално шаблонирање, како и zero-waste техника на кроење кај одредени модели, Јосифоска се стреми да создаде што поодржливи и поеколошкии производи, како и поддршка на циркуларната економија во земјава.

Колекцијата се состои од производи како: шапки, свилени стегачи за коса и марами, изработени од: свила, лен, памук и вискоза. Карактеристично е што шапките и свилените стегачи се инспирирани, дизајнирани и именувани по познати женски ликови.

Модниот едиторијал е снимен во полето со лаванда на Колеви во Витачево. Фотографка е Меланија Николовска, додека моделка е Марија Веселиновска (Моделс Ин). Виктор Петревски и Лазар Лукиќ се фото едитори на едиторијалните и студиските фотографии.

Модните парчиња може да се видат и нарачаат на социјалните мрежи на брендот, како и концептуалната онлајн продавница Урма (www.urma.mk).

реклама

Авион ја промаши пистата кај Монпелје и заврши во езеро

Read more

Потенцијално сценарио: Како би изгледал нуклеарниот напад на Путин во Украина?

Read more

Надал плачеше за Федерер, на крајот и Ѓоковиќ се расплака

Read more

Прво сценарио: Русите фрлаат нуклеарка, Американците одговараат и толку  - кое е второто?

Read more

Стил

Најсекси бабата на светот ја откри тајната за привлечниот изглед

Read more

Британскиот Vogue прв пат одбра маж за на насловна

Read more

Пет бонтон правила за однесување во ресторан што треба да ги знае секоја жена

Read more

Најбизарните креации од Модната недела во Њујорк

Read more
 

Магазин

Славни родители кои имаат милијарди, а нема да им ги остават на децата

Читај повеќе

Најстарото дете во семејството е и најпаметно, вели науката

Читај повеќе

Идеја за ручек: Пилешки ролни со сланина

Читај повеќе

Постојаниот стрес може да доведе до деменција, тврдат експерти

Читај повеќе

Што се случува кога ќе си легнете по јадење?

Читај повеќе
  • play_arrow

Моќни јога вежби за сила и баланс на телото

Читај повеќе

Несекојдневни и вкусни: Мафини со морков и ананас

Читај повеќе
  • play_arrow

Фејл компилација на неделата

Читај повеќе

Зошто ви се тресат нозете по добар секс?

Читај повеќе