Нова линија на фронтот го дели Израел

Меѓу израелските Евреи и израелските Арапи избувна жестока борба и таа е поопасна од конфронтација со Хамас во Газа, предупредува Питер Мунк, новинар во германскиот весник Süddeutsche Zeitung.

Израел минува низ тешки денови, но земјата е навикната на војни. Искуството покажува: гранатите паѓаат, но во одреден момент ќе завладее мир. Но, сега, среде новата битка за Газа, има неочекувано отворен нов фронт, што на крајот може да биде далеку поопасен од конфронтација со надворешниот непријател. На крајот, оваа линија на фронтот минува точно низ Израел, предупредува Мунк.

Арапското малцинство сочинува околу 20 отсто од вкупно 9 милиони жители на Израел, а во многу градови има мешано население.

Оттаму доаѓаат алармантните снимки и вести. Арапската толпа во Лод, поттикната од борбите околу џамијата Ал-Акса во Ерусалим, која запали синагоги, започна со грабежи на продавници. Брзо како оган, насилството се прошири низ целата земја и веднаш се појавија улични екстремисти кои маршираа низ улиците извикувајќи „Смрт за Арапите“.

Зборуваме за „Кристална ноќ во Лод“, а претседателот Реувен Ривлин зборува за „граѓанска војна“, премиерот Бенјамин Нетанјаху предушредува на „анархија“. Ситуацијата навистина се заканува да излезе од контрола и ова ги загрозува темелите на државата, коментира Süddeutsche Zeitung.

Соживотот на Евреите и Арапите во Израел отсекогаш бил кревок. Иако во 1948 година основачот на државата, Давид Бен-Гурион, отворено им ги гарантираше на арапските граѓани истите права како и за Евреите, всушност тие живееја во паралелно општество (…) Арапското малцинство отсекогаш било игнорирано од државата.

Ерата на Нетанјаху додаде уште една компонента: насочено малтретирање и дискриминација, а законот за национална држава усвоен во 2018 година ги претвори израелските Арапи во граѓани од втор ред. Поделбата создадена од Нетанјаху е делумно одговорна за фактот дека толпи Арапи и Евреи сега прават хаос на улиците.

Околу Газа, оружјето еден ден ќе стивне. Како и во претходните војни меѓу израелската армија и палестинското движење Хамас, двете страни ќе продолжат да се расправаат од двете страни на фронтот. Во Израел, меѓутоа, луѓето ќе мора да продолжат да живеат заедно и итно да најдат нова рамнотежа.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе