КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Нова нула на фудбалерите, сега бод освои и Романија

Филип Здравески
/ 08.09.2021 / 22:37

Македонската фудбаслка репрезентација и во третиот септемвриски натпревар не успеа да дојде до победа откако денеска одигра без голови против Романија.

Дуел на Денис Ман и Енис Барди; Фото: ФРФ

Третиот квалификациски натпревар во овој септемвриски ФИФА прозорец селекторот Благоја Милевски се реши да го почне со идентичен состав како оној кој одигра одлични 75 минути на гости кај Исланд. Столе Димитриевски помеѓу стативите, во одбраната Езџан Алиоски лево, Дарко Велковски и Висар Муслиу во средината и Стефан Ристовски десно, во средниот ред Елиф Елмас, Енис Барди и Стефан Спировски, а во нападот лево Дарко Чурлинов, на средината Милан Ристовски и десно Тихомир Костадинов.

Remote video URL

Иако Македонија доминираше од самиот почеток, сепак не успеа сериозно да го загрози голот на гостинскиот голман Ница. Романија се обидуваше од контри, иако тоа ретко ѝ успеваше, но во 21. минута малку фалеше да го отвори резултатот. Муслиу погреши и дозволи да биде наивно поминат, а Сореску упати добар удар кој уште подобро беше одбранет од Димитриевски.

Во 34. минута Македонија конечно имаше прва сериозна шанса и тоа откако Елмас сам си направи акција, продре во гостинскиот шестнаесетник, се избори за удар, но недоволно за да се совлада Ница.

Всушност, тоа беа и единствените две добри шанси во првиот дел кој заврши без голови.

Првата шанса после паузата дојде во 51. минута и повторно преку Елмас кој сам продре дриблајќи противнички играч, но биеше во нозете на голманот Ница, а на одбранетата топка проба со ножички, но непрецизно.

Во 58. минута нова шанса за нашите. Елмас прими долга топка и несебично му намести на Барди, кој биеше од прва но току онаму каде што беше поставен Ница, кој запиша нова одбрана.

Потоа во 73. минута Барди одлично дриблаше и шутна од дваесетина метри, но повторно без посериозна закана кон Ница.

Натпреварот заврши со најнеполупарниот резултат, втор пат овој месец откако и со Ерменија на втори исто така одигравме 0:0. Воедно, репрезентацијата и по седми пат на Денот на независноста не успеа со победа да го израдува македонскиот народ.

Remote video URL

Наредните натпревари за македонската репрезентација се во октомври кога прво му гостуваме на аутсајдерот Лихтенштајн на осми, а потоа на празникот 11-ти Октомври ја пречекуваме Германија.

Табела:

  1. Германија 15
  2. Ерменија 11
  3. Романија 10
  4. Македонија 9
  5. Исланд 4
  6. Лихтенштајн 1
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Read more

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Read more

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Read more

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе