Македонија

Нова опрема од РСБСП за зајакнување на капацитетите на сообраќајната полиција

30. декември 2019 - 15:26 |

РСБСП и МВР се пример за исклучително позитивна и успешна меѓу институционална соработка и поддршка.  Соработката помеѓу РСБСП и МВР е заедничка цел и законска обврска и истата се реализира на повеќе ниво и во повеќе области. Зајакнување на капацитетите на сообраќајната полиција  е една од стратешките цел на МВР, но и на РСБСП.   

Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата е должен секоја година 30% од финансиските средства, приход по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, да ги намени за модернизација на уредите и опремата на надлежната организациска единица во Министерството за внатрешни работи, која врши контрола и регулирање на сообраќајот на патиштата.

Во таа насока, а со цел исполнуваање на законските обврски, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, за потребите на МВР, изврши набавка на опрема која ќе биде предадена на МВР на трајно користење, и тоа:

• Генератор за електрична енергија,  во комплет со по два рефлектори за секој генератор  – 30  парчиња,

• Продолжен кабел со макара - 30 парчиња

• Инвертер на моќност од 12V во 220V – 30 парчиња

• Мерила за алкохол во уста AlcoQuant 6020 Plus – 24 парчиња

• Фотоапарати со DSLR сензор – 35 парчиња

•  и друга додатна опрема ( дигитални метра, пантлики, курвиметри, шублери, итн).

Опремата која ја обезбеди РСБСП, за потребите на МВР е со вкупна вредност од  3.520.000  денари или околу 57.000 евра. 

Коментирај