Нова програма за лојалност за физички лица од ЛУКОИЛ Македонија

Со „ЛУКОИЛ КЛУБ“ претвори ги поените во гориво

ЛУКОИЛ Македонија воведе нова програма за лојалност за физички лица наречена „ЛУКОИЛ КЛУБ“ преку која членовите на програмата за лојалност се стекнуваат со поени и со ексклузивни бенефиции, односно своите собрани поени може да ги претворат во гориво, да купуваат од маркетите на ЛУКОИЛ, но и да ги искористат многубројните акциски поволности.

Поените се собираат едноставно, односно со трансакции направени на продажните места на ЛУКОИЛ Македонија, при што секој поен има вредност од 1 денар, а пак корисниците за да станат член во програмата „ЛУКОИЛ КЛУБ“ потребно е да поседуваат кориснички број од македонски мобилен оператор, на кој ќе добијат СМС со 4-цифрен код со кој ќе можат да пристапат во Програмата.

Со цел олеснето членство и одговарање на потребите на сите заинтересирани корисници, компанијата овозможи два начини за пристапување во програмата. Имено, за да се стане член во „ЛУКОИЛ КЛУБ“, корисниците ќе треба или да подигнат ЛУКОИЛ КЛУБ картичка од која било од бензинските станици со наточено гориво од најмалку 1.000 ден., или пак да ја преземат мобилната апликација – виртуелна ЛУКОИЛ КЛУБ картичка од GooglePlay или AppStore под називот LUKOIL CLUB MACEDONIA која станува активна веднаш, без услови при регистрација.

Оваа програма за лојалност е воведена на корпоративно ниво, а од компанијата велат дека доаѓа како резултат на нивната заложба да ги наградат своите лојални потрошувачи и да им се заблагодарат за нивната лојалност, секогаш воведувајќи нешто ново и покажувајќи континуирана грижа за нивно подобро патување.

„За нашите клиенти правни лица веќе имаме активна програма за картички, меѓутоа отсега и нашите ценети потрошувачи физички лица можат да уживаат бројни привилегии и поволности, дотолку повеќе што нашата програма за лојалност е единствена преку која со собраните поени може повторно да се купи и гориво. Верувам дека на овој начин уште еднаш го  потврдуваме вреднувањето на лојалноста на нашите клиенти, но и дека самата програма претставува чекор повеќе кон исполнување на нашата стратегија да создаваме долгорочни врски со потрошувачите, секојдневно олеснувајќи им го патувањето“, изјави г-дин Андреј Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија.

Друга интересна можност за членовите на оваа програма за лојалност е тоа што во мобилната апликација може да се креира и „Круг на пријатели“, односно да се додадат картички со чии сопственици може да се споделуваат поените.

Сите официјални информации поврзани со правилата и со Програмата може да се најдат на интернет-страницата https://club.lukoil.com.mk, каде членовите истовремено може да се регистрираат, да вршат проверка на состојбата на поените, да добиваат информации за тековни промоции, како и други информации од Програмата.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе