Нова провокација од Северна Кореја

Северна Кореја истрела најмалку една балистичка ракета од својот источен брег, соопштија јужнокорејските и јапонските власти.

Ова е најновата провокација од Северна Кореја, која продолжува со развојот на воените капацитети и покрај меѓународните санкции што ѝ беа наметнати поради програмите за нуклеарно и ракетно оружје.

Една балистичка ракета беше лансирана околу 10:17 часот по локално време недалеку од Синпо, водечкиот центар на севернокорејската воена индустрија, каде што се наоѓаат подморници и опрема за тестирање на подводни балистички ракети (SLBM). Северна Кореја и претходно има лансирано други видови ракети од областа.

„Нашата војска внимателно ја следи ситуацијата и останува целосно подготвена за тесна соработка со САД за да се подготви за евентуални дополнителни лансирања“, соопштија од седиштето на јужнокорејските воени лидери (JCS).

Два проектила

Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека се детектирани два балистички проектила, велејќи дека е „жалосно“ што Северна Кореја спроведе серија лансирања на пробни ракети во последните недели.

Претставници на стотици меѓународни компании и меѓународни вооружени сили се собраа во Сеул на свеченото отворање на Меѓународната изложба за воздухопловство и одбрана (ADEX), најголемиот саем за воена опрема во Јужна Кореја, на кој учествуваа борбени авиони од следната генерација, борбени хеликоптери, беспилотни летала и други напредни оружје.како и вселенски ракети и цивилни авиони.

Remote video URL

Шефовите на разузнавачките служби на САД, Јужна Кореја и Јапонија, исто така, се состануваат во Сеул за да разговараат, меѓу другото, за ситуацијата со Северна Кореја, објави агенцијата Јонхап, повикувајќи се на владин извор.

Јужна Кореја се подготвува да го тестира првото домашно произведено вселенско летало во четврток.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Свет

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Read more

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Read more

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Read more

Гулабарник или ЕУ?

Read more
 

Вести

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе