Нова провокација од Северна Кореја - лансираше ракета над Јапонија

Нуклеарно вооружената Северна Кореја денеска, првпат по пет години, истрела балистичка ракета  над Јапонија, која ги предупреди своите граѓани да се евакуираат.

Јапонската влада издаде предупредување до граѓаните додека проектилот прелетуваше над земјата, пред да падне во Тихиот Океан.

Токио соопшти дека нема преземено одбранбени мерки за уништување на ракетата, прва што прелетала над островите од 2017 година.

„Серијата акции на Северна Кореја, вклучително и повторените лансирања на балистички ракети, го загрозуваат мирот и безбедноста на Јапонија, регионот и меѓународната заедница и претставуваат сериозен предизвик за целата меѓународна заедница, вклучително и Јапонија“, рече владиниот портпарол Хирозаку Мацуно.

Набрзо потоа, јапонскиот премиер го нарече чинот на Пјонгјанг „варварски“.

Воениот штаб на Јужна Кореја соопшти дека се чини дека станува збор за ракета со среден дострел лансирана од севернокорејската провинција Јаганг.

Пјонгјанг веќе ја искористи областа за лансирање на своите ракети, вклучително и неколку за кои тврди дека се „хиперсонични“.

Јапонската телевизија Asahi, повикувајќи се на неименуван извор од владата, објави дека ракетата паднала на околу 3 илјади километри од Јапонија.

Поради севернокорејската ракета во прекин е железничкиот сообраќај во северните региони на Јапонија, јави јапонската телевизија NHK.

Ракетните и нуклеарните програми на Северна Кореја се забранети со резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации.

реклама

Свиркачи: ЦИА има заловено најмалку 9 НЛО-а, некои неоштетени

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Руски астролог открива кои ќе бидат најнесреќни хороскопски знаци во декември

Read more

Германците објавија листа на најквалитетни половни автомобили за 2024 година

Read more

Свет

Моќен милијардер ја поддржа главната соперничка на Трамп за изборите

Read more

Ердоган: Израел мора да биде одговорен за воените злосторства во Газа

Read more

Мафијаш им предаде на италијанските власти луксузен вештачки остров кај Дубаи

Read more

Официјално: Сопругата на Кирил Буданов била отруена

Read more
 

Вести

Томислав Османли добитник на книжевната награда Донат за животно дело

Читај повеќе

Ловци ја бараат Вања и на непристапни места: МВР ја бара во градот, ние надвор од него

Читај повеќе

Проекција на документарниот филм The Hip-Brainstorm на Јане Алтипармаков во Струмица

Читај повеќе
  • filter

Клиника Жан Митрев додели 80 ваучери за бесплатни педијатриски прегледи за новородечињата од Општина Центар

Читај повеќе

Моќен милијардер ја поддржа главната соперничка на Трамп за изборите

Читај повеќе

Наплатните пунктови на „Водовод“ во Сарај, Шуто Оризари и Лисиче, нема да работат денес и утре

Читај повеќе

Ердоган: Израел мора да биде одговорен за воените злосторства во Газа

Читај повеќе

Мафијаш им предаде на италијанските власти луксузен вештачки остров кај Дубаи

Читај повеќе

Ловечката Федерација на Македонија се вклучува во потрагата по Вања Ѓорчевска

Читај повеќе