Со најновата маркетинг кампања, Cadillac влезе во сѐ побројната група брендови што не се двоумат дали „да си ги пресметаат силите“ со Tesla.
Во најновото промотивно видео од кампањата „Future is Here“, Cadillac ја запознава јавноста со својот систем за полуавтономно возење Super Cruise за кој вели дека е „навистина првиот hands free систем за возење на автопат“.
Да нема забуна, пораката до гледачот се упатува додека CT6 на Cadillac поминува покрај Model на Tesla.
Ќе почекаме да видиме дали и како Tesla ќе одговори на оваа провокација. Брендот Tesla не се рекламира на конвенционален начин со платени рекламни кампањи, но сопственикот на компанијата, Елон Маск, знае како да владее со социјалните мрежи и секој негов потег е будно следен од јавноста.
Тој неодамна ја ласираше неговата црвена Tesla во вселената. Нема подобра реклама од тоа.
На листата „провокатори“ се BMW, Nissan и Audi, а од неодамна и Hyundai.