Нова сензационална победа на 15-годишната Кори Гоф на Вимблдон

Лондон, 4 јули 2019 (МИА) – Петнаесетгодишната Американка Кори Гоф, попозната како Коко, продолжува со одличното претставување на тенискиот турнир Вимблдон.

Откако сензационално ја отстрани петкратната шампионка и нејзина обожавателка, Венус Вилијамс, Гоф победи и во вториот круг од Грен слем турнирот.

Таа победи со 6-3, 6-3 против Магдалена Рибарикова од Словачка, која е специјалист во игра на трева и поранешен полуфиналист на „Вимблдон“ од 2017 година.

Коко Гоф стана најмладата натпреварувачка, која ги надминала квалификациите на Вимблдон и најмладата која стигнала до третиот круг, по Џенифер Капријати која се рангира во оваа фаза пред 28 години.

Пред големиот успех над Венус Вилијамс, Коко Гоф беше целосно непозната. Таа е надвор од првите 300 на светската ВТА листа. Таа е средношколка и во пресрет на натпреварот со Вилијамс требало да оди на тест.

Гоф вели дека повеќето од нејзините наставници немаат идеја дека игра тенис. За неа и нејзиното семејство, сепак успехот не е толку изненадувачки.

Често се опишува како одличен талент. Кога имала 11 години, Гоф била избран од тренерот на Серена Вилијамс, Патрик Муратоглу, да тренира со него во Франција.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Тенис

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more

Медведев дивееше поради судиска одлука, па испадна од Монте Карло

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе