Продуцентската куќа HBO објави тизер за четвртата сезона на антологиската серија True Detective, а во главните улоги ќе бидат актерките Џоди Фостер и Кали Рејс.

Серијата True Detective имаше премиера во 2014 година, а набргу по првата сезона беше рангирана меѓу најгледаните серии од продукцијата на HBO. Секоја сезона носи сосема поинаква мистерија и нова детективска двојка.
Во претстојната сезона на оваа серија акцентот ќе биде ставен на детективската двојка која ја сочинуваат Џоди Фостер и Кели Рејс. Со оваа улога Џоди Фостер се враќа на малите екрани по повеќегодишна пауза.
Дејството на четвртата сезона од серијата ќе се одвива во Арктичкиот круг на Алјаска, каде во зимскиот период ноќта трае шеесет и пет дена. Во тој период се случува мистериозното исчезнување на шест работници кои раководат со арктичката истражувачка станица. Детективките ќе се обидат да ја решат оваа ситуација, но нивните планови ќе бидат нарушени поради серија сомнителни злосторства.
Серијата се снимаше минатата година, во текот на ноември и декември, на Исланд, кој ја замени оригиналната локација на Алјаска, а ќе излезе во првата половина од оваа година.