Нова теорија на заговор: Ве следат преку чипирани танги и градници

Интернетот требаше да биде алатка што ќе му помага на човекот да има брз и лесен пристап до информации. Но, се чини дека сѐ почесто е извор на дезинформации и теории на заговор.

Оние кои ги шират овие теории на заговор многу често се побројни и погласни од веродостојните извори, а на луѓето се чини им е полесно да веруваат во небулози отколку во едноставната вистина.

По „теориите“ дека Земјата е рамна, дека Месечината не постои и дека Бил Гејтс сака да ги чипира луѓето преку вакцина, стигна најновата лудост: компанијата Victoria's Secret ги следи жените кои носат нејзина долна облека преку чипови во градниците и тангите.

Овие „теоретичари на завери“ оперираат главно на социјалните мрежи и други популарни онлајн платформи како TikTok, YouTube и Reddit, каде е најлесно некоја „информација“ за кратко време да стане вирална, особено ако (неосновано) ја поврзете со теми како трговија со луѓе, национална безбедност и слично.

Една ваква објава, на пример, имаше 7.400 прегледи и 200 ретвитнувања во еден ден пред да биде означена како лажна вест од Twitter.

На оваа дезинформација мораше да реагираат директно од компанијата Victoria's Secret. Сепак, се работи за имиџ.

Оттаму објаснуваат дека во нивната долна облека не се вметнуваат никакви мистериозни чипови за следење луѓе, туку дека станува збор за RFID ознаки кои се потребни за да се отчита производот на скенер. Употребата на овие ознаки во модната индустрија е интерна, за поефикасно следење и управување со инвентарот во магацините. Исто така, сѐ почесто се користат за заштита од фалсификати, бидејќи со RFID ознаката може да се утврди местото на производство и испорака.

Тагови
реклама

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе