НБА 2024/2025

Нова тепачката - сега на Мајами и Хјустон, а Бостон промаши 38 тројки против Индијана

Кошаркарите на Мајами Хит го победија Хјустон Рокитс во Тексас со 104:100, а натпреварот го одбележа голема тепачка.

Инцидентот изби на 35 секунди пред крајот на мечот кога во клинч се најдоа Амен Томпсон и Тајлер Хироу. Кошаркарот на Мајами заврши на паркетот, многумина прискокнаа, а се резултираше со исклучувања од двете страни.

Инаку, првото полувреме беше доста изедначено. Ниту една екипа не успеа да се одлепи, а резултатот со кој се отиде на пауза гласеше 53:50 за гостите.

Хјустон потоа направи пресврт во третата четвртина, но Мајами најде сили да ги врати работите на вистинскиот пат и на крајот триумфираше во драматичен финиш.

Најдобар играч кај Мајами беше Хироу, кој всушност беше исклучен, со 27 поени, додека Јовиќ постигна 18. Кај домашните најефикасен беше Брукс со 22 поена, а брутална партија пружи Сенгун, кој имаше дабл-дабл ефект со 18 поени и 18 скока.

Хјустон е трет во Западната конференција со 21 победа и 11 порази, додека Мајами е шести на Истокот со скор 16-14.

Од другите натпревари вреди да се издвои победата на Индијана Пејсерс на гостувањето кај Бостон Селтикс со 123:114. Интересно, актуелниот шампион на овој натпревар промаши дури 38 тројки, па поразот не е изненадување. Ал Хорфорд промаши дури 9 тројки, а Џејсон Тејтум и Дерик Вајт по 8.

Најефикасни со по 31 поен беа Џејлен Браун (4 скока, 6 асистенции) од Бостон и Тајрис Халибартон (6 скока, 7 асистенции) од Индијана. Тејтум додаде 22 поена со 9 скока и 6 асистенции, а Причард 21 поен. Кај гостите по 17 поени уфрлија Канаѓанецот Ендрју Немхард (со по 8 скокови и асистенции) и Камерунецот Паскал Сјакам 8 скокови и 6 асистенции).

Резултати:

Орландо Меџик - Бруклин Нетс 102:101
Бостон Селтикс - Индијана Пејсерс 114:123
Торонто Репторс - Атланта Хокс 107:136
Хјустон Рокитс - Мајами Хит 100:104
Оклахома Сити Тандер - Мемфис Гризлис 130:106
Минесота Тимбервулвс - Сан Антонио Спарс 112:110

Табела:

реклама

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Сепаратистичка партија победи на изборите во Квебек и најави референдум за отцепување

Read more

Што се случува со крвниот притисок кога пиете повеќе вода?

Read more

Кошарка

Евролигата ја одби понудата од НБА

Read more

Дресот на Џордан од „Последниот танц“ се продаде за рекордни 12,26 милиони долари

Read more

Лас Вегас на чекор од НБА тим: Три групи во историска трка

Read more

Шек ги спореди НБА и Евролигата: Знам дека ќе добијам многу критики

Read more

Спорт

Седум земји во трката за домаќин на Олимписките игри 2036 

Читај повеќе

Муслиу: За успех мора сите да учествуваме дефанзивно

Читај повеќе

Седлоски: Не дојдовме само да го одиграме натпреварот

Читај повеќе

Евролигата ја одби понудата од НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

Јаник Синер објави крај на сезоната

Читај повеќе

Бенин има урнебесен тактички план за Меси на збогувањето: Не го чуваме, само ќе уживаме

Читај повеќе

Ѓоковиќ: Кога ќе ги решам здравствените проблеми, не гледам проблем да стигнам до ОИ во Лос Анџелес

Читај повеќе

Португалски новинар тврди: Роналдо не сака да игра за репрезентацијата додека Жорже Жезуш е селектор

Читај повеќе

Зидан ја откри формулата на одличната Франција: Резервите прават разлика, но тимската работа е клучна

Читај повеќе