Нова тура штетни апликации отстранети од Play Store, избришете ги ако ги имате

Аналитичарите на малициозен софтвер од рускиот производител на антивируси Dr.Web открија голем број малициозни апликации за Android во продавницата на Google Play, кои се преземени од повеќе од два милиони луѓе.

Апликациите откриени од Dr.Web се претставени како корисни услужни програми и апликации за оптимизација на системот, но во реалноста тие лошо влијаат на перформансите на уредот.

Една апликација истакната од Dr.Web е TubeBox - страница која имаше милион преземања пред Google да ја отстрани од Play Store. TubeBox ветува парични награди за гледање видеа и реклами во апликацијата, но никогаш не го исполнува ова ветување, наместо тоа покажува грешки кога корисниците се обидуваат да ги искористат собраните награди. Истражувачите од Dr.Web велат дека с è е во насока да ги задржи корисниците што подолго во апликацијата, гледајќи ги рекламите од кои заработуваат програмерите.

Покрај оваа апликација за рекламирање, во октомври продавницата Google Play се појавија и апликациите  Bluetooth device auto connect што имаше 1 милион преземања, Bluetooth & Wi-Fi & USB driver со 100.000 преземања, Volume, Music Equalizer што имаше 50.000 преземања и Fast Cleaner & Cooling Master со 500 преземања.

Овие апликации ги вчитуваат веб-локациите според упатствата што ги добиваат од серверот, генерирајќи лажни прикази на реклами на заразени уреди.

Dr.Web, исто така, откри голем број апликации на Google Play за кои тврди дека се поврзани со руски банки и инвестициски групи, од кои секоја во просек има околу 10.000 преземања.

Овие апликации беа промовирани преку реклами во други апликации, каде што ветуваа враќање на инвестицијата. Меѓутоа, апликациите водат до страници каде што личните податоци на жртвите се земаат со измама (phishing).

За да се заштитите од лажни апликации на Google Play, секогаш проверувајте дали има негативни критики, внимавајте на политиката за приватност и не заборавајте да ја посетите веб-страницата на девелоперот за да ја потврдите автентичноста на апликацијата.

Одржувајте го бројот на апликации инсталирани на уредот на минимум и периодично проверувајте дали функцијата Play Protect на Google е активна.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе