Тенис

Новак Ѓоковиќ ќе добие музеј во 2020 година

31. јули 2019 - 15:03 | А.С.

Музејот посветен на Новак Ѓоковиќ ќе биде отворен следната година во центарот на Белград, соопшти денеска Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдобриот тенисер на светот.

Тој наведе дека музејот ќе биде лоциран на улицата Кнез Михајлова.

„Го отвораме музејот следната година во центарот на градот, има огромен интерес и кај домашните и кај странските туристи, особено кај Кинезите. Тој е страшно популарен во Кина“, изјави Срѓан Ѓоковиќ за RTS.

Тој додаде дека е исклучително важен триумфот на Новак на неодамна завршениот Вимблдон, кој бил потврда дека српскиот тенисер е најдобар на светот.

Ѓоковиќ дојде до петтата титула на Вимблдон, а 16-та во Грен слемови, со победата над Роџер Федерер во Лондон.

Срѓан Ѓоковиќ изјави дека следна цел на Новак е титулата на УС Опен во Њујорк.

Коментирај