Новак Ѓоковиќ по пречекот: Најголем успех во мојата кариера

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во историјата, беше главна ѕвезда на пречекот што им беше приреден на српските олимпијци во понеделникот пред балконот на Градското собрание на Белград. Тој во Париз го освои олимпиското злато победувајќи го Карлос Алкарас во финалето, а пред навивачите беше крајно емотивен.

Ѓоковиќ по петти пат на Олимписките игри играше во француската престолнина, но за прв пат ѝ донесе златен медал за својата земја.

„Долгоочекуваното злато по бронзениот медал што го освоив во Пекинг на првото учество на Олимписките игри. После тоа трипати учествував, двапати бев елиминиран во полуфинале... Сега имам 37 години, дојдов без трофеј, имав повреда... Многумина го доведуваа во прашање квалитетот на тенисот што го играв во последните месеци“, изјави Новак Ѓоковиќ за РТС.

„Малкумина ме сметаа за фаворит, но јас верував затоа што знаев дека ова може да биде последна шанса да се освои златото. Го одиграв еден од најдобрите турнири, ја почувствував поддршката од народот, имав одговорност да се држам уште повеќе. Без лажна скромност, ова е најголемиот успех во мојата кариера и горд сум што го носам златото што го освоив за Србија“, изјави 37-годишниот белграѓанец.

Новак Ѓоковиќ нема да настапи во Синсинати, а неговите планови за УС опен сѐ уште не се познати.

реклама

Приватен авион на музичка ѕвезда удри во друг авион при слетување во Аризона: Има загинати

Read more

Ноќта што сите ја чекаа: Дончиќ дебитираше за Лејкерс во триумфален почеток на новата ера

Read more

УЕФА му забрани на Баерн да носи црвени дресови во Лигата на шампиони

Read more

Дру Баримор откри кој од нејзините колеги најдобро се бакнува

Read more

Тенис

Рафа за најголемиот ривал: Би рекол Новак и Роџер

Read more

Познати првите информации за повредата на Ноле и колку ќе отсуствува

Read more

Синер ја одбрани титулата на Австралија опен

Read more

Ѓоковиќ објави слика од повредата: За сите експерти

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ноќта што сите ја чекаа: Дончиќ дебитираше за Лејкерс во триумфален почеток на новата ера

Читај повеќе

Конте: Кога дојдов, не ми рекоа дека целта е Скудетото

Читај повеќе

Адетокумбо ќе го пропушти Ол-стар натпреварот

Читај повеќе

УЕФА му забрани на Баерн да носи црвени дресови во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Невидени проблеми за Реал: Кралевите без одбрана патуваат на соочување со Манчестер Сити

Читај повеќе
  • play_arrow

Филаделфија Иглс го декласираше Канзас Сити Чифс и го освои Супербоулот

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаџибегиќ: Да го реализирав тој пенал, немаше да има војна во Југославија

Читај повеќе
  • play_arrow

Фишер го урна светскиот рекорд на 3.000 метри во сала

Читај повеќе
  • play_arrow

Дејвис во дебито се погрижи навивачите да го преболат заминувањето на Дончиќ

Читај повеќе