Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена оздравеа од коронавирусот.
Според последните тестови за COVID-19 што ги направија вчера и чии резултати беа објавени денеска, двајцата се негативни на коронавирусот.
„Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга јелена се негативни на COVID-19. Тоа го покажаа резултатите од последните ПЦР тестови што двајцата ги направија во Белград. Новак и Јелена не чувствуваа никакви симптоми на вирусот, а се тестираа по претходен договор со лекарите. Изминатите 10 дена, од враќањето од Задар, двојката ја помина во изолација, следејќи ги сите протоколи и мерки за безбедност поврзани со COVID-19“, соопшти ПР тимот на Ѓоковиќ.