Новак: Имам своја формула, но и таа се менува

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ уште една сезона заврши како најдобар на АТП листата.

По 7. пат во кариерата, постигна нов рекорд. Во текот на годините доби многу битки, како и оваа последна во Париз.

Новак во разговор со српските новинари одговори и на прашањето кои особини би ги издвоил, а коишто биле клучни за да успее.

„Пожртвуваност и посветеност дефинитивно бидејќи е неопходно. За да бидете на врвот на овој индивидуален спорт кој бара многу, неопходно е да преземете одговорност за вашите постапки, за вашиот животен стил. Тенисот е индивидуален спорт и затоа сè е важно, начинот на кој тренирате, како тренирате, како се храните, колку спиете. Сето тоа влијае на крајниот производ односно резултатот кој го добивате на терен“, вели Ѓоковиќ и додава:

„Се трудам да применувам некои новини, да воведам нови детали, без разлика дали станува збор за исхраната, тренингот, менталниот пристап кој за мал процент може да ми ја подобри играта и состојбата на умот, како и емоциите на терен. Имам своја формула, но и таа се менува бидејќи сум човек кој се менува, како и сите други. Сите се менуваме, секоја година, секој ден, така што мора да бидеме отворени за прилагодување на промени и внесување на нови работи во животот“, вели светскиот рекет број 1.

реклама

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе