Новак: Никој не може да ми го одземе тоа што го постигнав

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со победа го започна УС Опен.

Новак во „Мисија 21“ тргна со победа над 18-годишниот Холгер Руне во 4 сета, 6:1, 6:7(5), 6:2, 6:1.

По завршувањето на мечот, во разговор со српските новинари, Новак ги откри неговите впечатоци од овој меч.

„Ситуацијата оваа година е мошне необична. Потребно ми е малку време да се разиграм, да го пронајдам ритамот на играта и темпото кое ја краси мојата кариера и на УС Опен. Знам дека морам да играм подобро и дека ќе се случи тоа, тргнав добро во првиот сет, имав и брејк во другиот за 4:3“, вели Новак и додава:

„И покрај тоа имав слаб процент, имав лоши грешки. Малку се успорив, а мојот противник имаше поддршка од публиката. Млад е, беше мотивиран и затоа го изгубив вториот сет. Но добро, одиме понатаму. Можеби е подобро да изгубам сет во првиот натпревар за да на некој начин играм подобро. Морав да направам пауза после Токио бидејќи навистина ми беше потребна за да се подготвам психички и физички за УС Опен“, вели Ѓоковиќ.

Неговиот противник во второто коло е Талон Грикспор кој е 121. играч во светот.

„Што се однесува до наредниот противник, не знам многу за него. Никогаш не сум играл против него но го гледав неговиот меч со Штруф за кој сметав дека ќе победи“, заклучи Новак.

На прашањето како го коментира тоа дека медиумите не му обраќаат премногу внимание, тој вели:

„Не знам што да кажам, дали моите успеси не се прифатени од страната на медиумите или останатите играчи. Благодарен сум што се занимавам со спортот што го сакам и сум успешен. Забележав многу историски резултати и знам кој сум и што постигнав и тоа не може да ми го одземе никој“, рече Новак.

„Го следам својот пат и ја градам својата животна приказна“, заклучи Ѓоковиќ.

Remote video URL
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Тенис

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Read more

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Read more

Сабаленка елиминирана, го скрши рекетот и замина без поздрав

Read more

Сабаленка откри дека раскинала со Колцов пред да се самоубие: Срцето ми е скршено

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе