Новата Galaxy Note10 серија на паметни телефони официјално претставена во Скопје

По само неколку дена од светската премиера во Њујорк Samsung ја претстави Galaxy Note10 и Galaxy Note10+ серијата на паметни телефони пред домашната јавност во Скопје.

Новата Galaxy Note10 серија е дизајнирана да ги задоволи потребите на најпребирливите бизнис корисници, но и на креативците, овозможувајќи им да го постигнат својот максимум во секојдневните предизвици. Врвниот, надграден Dynamic AMOLED екран, професионалната камера, подобрениот S Pen, супер брзото полнење и неверојатната поврзаност со други уреди, претставува гаранција на корисниците дека уредот ќе биде во можност да ја исполни задачата, без разлика дали е тоа пишување белешки на работен состанок, уредување на креативно видео или едноставно пребарување на интернет.

„Од својот почеток, Note серијата претставува симбол на врвни перформанси, која на корисниците секогаш им го нуди она кое им е потребно и што е уште поважно, да одат чекор понапред и да станат најдобрата верзија од себеси. Galaxy Note10 и Note10+ продолжуваат со традицијата на спроведување на иновација во полето на паметни телефони, обезбедувајќи им на корисниците 

исклучителни можности со S Pen, професионалната камера и одличната поврзаност со други уреди, за целосно доживување и автентично Galaxy искуство.“, изјави Марјан Блажески, директор на продажба на IM сегментот на пазарот на Македонија, Косово и Албанија на компанијата Samsung Electronics Adriatic. „Покрај официјалното претставување на двата најнови модели на нашиот пазар, ми претставува големо задоволство што од денес е функционален и официјалниот Samsung веб сајт за Македонија. Преку www.samsung.com/mk корисниците ќе можат на едноставен начин да се информираат за големиот број на најразлични уреди и да извршат купување со само неколку клика на еден од партнерските сајтови,“ додаде Блажески.

Galaxy Note10 и Note10+ се спој на најнапредниот хардвер и софтвер кој го има кај денешните паметни телефони, со најголемиот и најквалитетен Dynamic AMOLED екран со HDR10+ сертификат и динамично пресликување на тонови кои ги прават фотографиите и видео материјалите посветли за разлика од претходните Note уреди и имаат неверојатен и широк спектар на бои.

Камерата на новиот Galaxy Note10 уред на корисниците им дава можност да снимаат видео со професионален квалитет без потреба со себе да носат додатна опрема. Video editor овозможува уредување на снимките со помош на S Pen и наместо постојано да кликаат на снимката за да ја прегледат и уредат, корисниците можат прецизно да го изберат точниот момент кој што сакаат да го исечат.

Софтверската иновација која ја носи новата Galaxy Note10 серија на бизнис корисниците им дава уште поголем степен на контрола врз нивните проекти со зголемена продуктивност и ефикасност. Galaxy Note10 има моќна иновација со помош на редизајнираниот S Pen. Сега корисниците можат да пишуваат белешки и автоматски да го претворат својот ракопис во дигитален текст со помош на Samsung Notes апликацијата и да го експортираат во различни формати, вклучувајќи го и Microsoft Word.

Galaxy Note10 ја интегрира врзаноста со Windows директно во Quick Panel апликацијата. Со еден клик корисниците можат да се поврзат со својот Windows 10 компјутер. На истата може да ги видат известувањата, праќаат и примаат пораки и да ги прегледаат фотографиите без да гледаат во телефонот, согласно потребите на современиот потрошувач кој бара непречено и неограничено искуство на поврзаност помеѓу своите уреди.

Galaxy Note10 достапност

Galaxy Note10 ќе биде достапен во аура сјајна, аура розева и аура црна боја, додека Galaxy Note10+ ќе биде достапен во аура сјајна, аура бела и аура црна боја од 23. август по препорачаната малопродажна цена од: Galaxy Note10: 56.999,00 MKD, Galaxy Note10+ (256 GB): 65.999,00 MKD, Galaxy Note 10+ (512 GB): 72.499 MKD.

Повеќе информации за Galaxy Note10 и Galaxy Note10+ побарајте на:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-note10/

*Промотивен текст

реклама

Се влошува состојбата со COVID-19, можни нови рестриктивни мерки

Read more

Кејот на Вардар имал калдрма...

Read more

Дали сте слушнале за правилото од „шест минути“ во сексот?

Read more

Научниците шокирани: Една болест води кон имунитет на COVID-19

Read more

Мобилни

Nokia претстави два нови смартфони со одлични перформанси

Read more

Познат датумот кога ќе биде претставен долгоочекуваниот OnePlus 8T

Read more

Apple подготвува изненадување за купувачите: Наскоро пристигнува iPhone 12 mini

Read more

Realme го претстави евтиниот смартфон C17 со одлична батерија

Read more

Гик

Откриен нов рекорд на најниски температури во северната хемисфера

Читај повеќе
  • filter

Nokia претстави два нови смартфони со одлични перформанси

Читај повеќе
  • filter

Apple ја отвори првата продавница што плови на вода

Читај повеќе

Јапонската компанија Fujifilm има лек со кој се крати лекувањето од COVID-19

Читај повеќе
  • play_arrow

Што би се случило доколку Сонцето би било помало од Земјата?

Читај повеќе

Метеоролозите останаа без имиња за бурите

Читај повеќе

Научниците шокирани: Една болест води кон имунитет на COVID-19

Читај повеќе
  • play_arrow

Колку брзо луѓето еволуираат?

Читај повеќе
  • filter

Познат датумот кога ќе биде претставен долгоочекуваниот OnePlus 8T

Читај повеќе