Новата генерација на микро автомобили ќе се составува како мебел на IKEA

Групацијата Stellantis ги истражува можностите за нови електрични автомобили и четирицикли кои се лесни за составување и транспорт. За таа цел, концернот потпиша партнерство со шведскиот стартап Luvly, чие урбано возило ветува вистинска револуција.

Малите електрични автомобили стануваат сè попопуларни. По неколку години во кои електричните модели во сегментите А и Б немаа многу изгледи за иднината поради високите трошоци за нивната големина и малата профитабилност, ситуацијата целосно се промени.

Не само тоа, електричните четирицикли, оние со ограничена моќност, брзина и големина, добиваат на значење како навистина сериозни опции за ефикасна мобилност во урбаните средини.

Stellantis е еден од оние кои ја популаризираа класата со модели како што се Citroën Ami, FIAT Topolino и Opel Rocks, но сакаат да одат понатаму. Нивното партнерство со шведскиот стартап Luvly AB има за цел да истражи нови концепти за изградба, склопување и транспорт на помали електрични возила.

Luvly - „IKEA за електрични автомобили“

Основан во 2015 година и со седиште во Стокхолм, Luvly е стартап познат по своето мало електрично возило, Luvly O. 'LUV' е кратенка за 'Light Urban Vehicle', а највпечатливиот адут е едноставноста при монтажата и самиот транспорт.

Станува збор за ултра ефикасен четирицикл со должина од 2,7 метри (слично на Smart), со багажник од 269 литри, наведена потрошувачка на енергија од 6 kWh/100 км и тежина помала од 400 кг. За споредба, Ami тежи 471 кг.

Неговиот начин на транспорт е она што е навистина впечатливо овде. Возилото Luvly O е возило подготвено за склопување кое се дистрибуира преку „рамен“ систем за испорака на пакети, исто како и парче мебел. Оттука и популарниот прекар на шведскиот стартап „IKEA за електрични автомобили“.

Ова е мини двосед дизајниран на лесна композитна шасија од типот на сендвич, со модули за апсорпција на удари за подобрување на безбедноста при судир и композитни панели споени со екструдирани алуминиумски конектори кои лесно може да се склопат. Нема да биде баш како да составувате плакар на IKEA, но нуди многу од придобивките на склопувањето.

Многу е важно што во процесот на склопување и транспорт ова возило да троши 80% помалку енергија, но и простор во споредба со стандардните електрични возила. На пример, стандарден контејнер за транспорт содржи 20 единици подготвени за склопување. Испораката е поевтина, поедноставна и овозможува транспорт на парчиња доколку е потребно.

„Користиме полесни материјали, 80% помалку суровини, имаме многу помал мотор и ја намаливме големината на батеријата за 90% во споредба со стандардниот електричен автомобил. Нашето решение е целосно одржлива алтернатива на класичните автомобили“, истакнуваат од шведскиот стартап.

Stellantis е заинтересиран за Luvly

Нивната импресивна работа го привлече вниманието на гигант како Stellantis, кој штотуку потпиша едногодишно партнерство со Luvly. За тоа време, автомобилската групација ќе ја истражува и оценува оваа технологија со цел да ја примени на своите идни мали електрични автомобили.

Возилото со две седишта се напојува со мал електричен мотор и батерија со капацитет од само 6,4 kWh, што му дава електричен опсег од 100 километри и брзина до 90 км/ч. Неговите батерии се исто така заменливи и тежат само 15 кг.

Luvly O сè уште не е излезен во продажба, но се очекува цената да биде околу 10.000 евра. Citroën Ami, на пример, има батерија од 5,5 kWh, досег од 70 км и почетна цена од околу 8.000 евра.

реклама

Тетовецот Рене Реџепи се повлекува од Noma, го обвинуваат за малтретирање на вработените

Read more

Што може новата ракета што Американците за прв пат ја употребија во Иран?

Read more

Почна сезоната на млад кромид: Зошто треба почесто да го јадете?

Read more

Црна Месечина до 20 март: Кои хороскопски знаци се на удар на Лилит?

Read more

Авто новости

Кога почнало да се мери од 0 до 100 км/час? 

Read more

Dacia го претстави Striker, кросовер со почетна цена од помалку од 25.000 евра

Read more

Драма во Volkswagen: Укинуваат 50.000 работни места

Read more

Совети за возачи: Како да го подготвите автомобилот за пролет?

Read more
 

Автомобили

Кога почнало да се мери од 0 до 100 км/час? 

Читај повеќе
  • filter

Dacia го претстави Striker, кросовер со почетна цена од помалку од 25.000 евра

Читај повеќе

Драма во Volkswagen: Укинуваат 50.000 работни места

Читај повеќе

Совети за возачи: Како да го подготвите автомобилот за пролет?

Читај повеќе

Како безбедно да престигнете камион долг повеќе од 50 метри?

Читај повеќе

Peugeot го освежи 408: Што е ново?

Читај повеќе

Директорот на Stellantis за една година заработил колку просечен работник за 82 години

Читај повеќе

Volkswagen испорача два милиони електрични возила

Читај повеќе

Го разгледавме бруталниот нов хиперавтомобил на Xiaomi со 1.900 КС кој постигнува 350 km/h

Читај повеќе