Новата хит серија на Netflix ги освои топ листите во 93 земји низ светот

The Night Agent е нова хит-серија на Netflix која го достигна врвот на најгледаната листа на англиски јазик само неколку дена по објавувањето.

Серијата The Night Agent е базирана на истоимениот роман на Метју Квирк, а креатор е Шон Рајан. Достапна е на Netflix од 23 март, а за шест дена има повеќе од 168 часа гледање на стриминг платформата.

Според Netflix, ова е третата најдобра премиерна недела за серија според број на часови гледаност во првата сезона. Исто така, серијата е во топ 10 најпопуларни топ листи во 93 земји низ светот.

The Night Agent ја следи приказната на агент на ФБИ (Габриел Басо) кој работи во подрумот на Белата куќа. Тој има задача да управува со телефон кој никогаш не ѕвони - додека не заѕвони, ставајќи го во средината на далекусежна завера.

„Ми се допаѓа идејата за аутсајдер, некој што е најмалку важна личност на многу важно место, во овој случај, агент на ниско ниво на ФБИ кој работи во соба без прозорци во подрумот на Белата куќа“, рече Рајан за поткастот The Top 5 на The Hollywood Reporter.

„Сите околу него се поважни од него. Тој се пронаоѓа себеси во оваа работа и одеднаш, како во класичните филмови за Хичкок, тој е некој кој е обичен човек втурнат во извонредна ситуација“, додаде тој.

Wednesday продолжува да го држи првото место за најдобро деби на нова серија на платформата, откако во првата недела оствари неверојатни 341,23 милиони часови гледаност.

Втора серија на листата е Dahmer, која имаше 196,2 милиони часови гледаност во првата недела во септември. Сепак, треба да се напомене дека Netflix започна да објавува глобални топ 10 листи дури во јуни 2021 година, што значи дека првите сезони на блокбастер сериите како Stranger Things или Bridgerton не се вклучени во овие мерења.

Remote video URL
Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Филм & ТВ

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Read more

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Read more

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Read more
 

Сцена

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе