Новата косилка на Honda може да развие брзина од 240 км/ч

Трките со косилки се многу забавно но валкано хоби во кое уживаат (веројатно) домаќински настроени луѓе што сакаат да ги користат алатките за уредување на дворот во спортски цели. Затоа Honda произведе нова косилка која е побрза од повеќето автомобили во сериско производство.

Минатата недела Honda најави дека ќе проба (повторно) да го постави рекордот за најбрза косилка во светот и од компанијата најавија дека нивниот нов модел би требало да вози со брзина од 240 км/ч.

Honda го држеше рекордот за најбрза косилка на светот со просечна брзина од 190 км/ч на права патека со нивниот модел Mean Mower. Овој модел имаше максимална брзина од 210 км/ч а можеше да коси трева на брзина од 25 километри на час.

Но, една норвешка компанија произведе косилка која го сруши нивниот рекорд, развивајќи брзина од 215 км/ч во 2015 година. Ако имате барем малку познавање од политиките на автомобилските компании, знаете дека тие не ги поднесуваат баш најпријатно вестите дека некој нивен рекорд е срушен, па поради тоа Honda реши да произведе нов, побрз модел на косилка наречен Mean Mower V2.

Mean Mower V2 има мотор од 999 кубици изваден од CBR100RR Fireblade SP моторцикл кој произведува 190 коњски сили и 13.000 вртежи во минута. Од Honda најавија дека моторот на новиот модел произведува двојно повеќе сила од претходниот, па затоа Mean Mower V2 забрзува од 0 до 100 км/ч за помалку од 3 секунди.

Засега останува непознато со која брзина Honda Mean Mower V2 ќе може да коси трева, но сигурно е дека оваа косилка е показател на тоа до каде се спремни да одат големите компании со цел да бидат на врвот.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе