Новата опција на WhatsApp ви дозволува да избришете порака која сте ја пратиле по грешка

WhatsApp воведе нова опција која ви дозволува да избришете порака која не сте сакале да ја пратите. Пораката ќе биде избришана од вашиот, но и од уредот на примачот.

Оној кој требало да ја прими пораката ќе добие само текст „This message was deleted“ (Оваа порака беше избришана) и нема да може да ја прочита оригиналната порака која сте ја пратиле.

Но, оваа опција работи само ако размислувате брзо. Имате само 7 минути од моментот кога сте ја пратиле пораката да размислите дали сакате да ја избришете. После тоа, останува трајно во разговорот.

За да го направите ова, мора да се осигурате дека вие и примачот ја имате најновата верзија на апликацијата WhatsApp.

За корисници на iPhone, само задржете подолго на пораката која сакате да ја избришете и потоа од мини-менито кое ќе се појави, притиснете „Delete“ и потоа „Delete for everyone“.

А за корисници на Android ќе може да се обележат и неколку пораки одеднаш, и потоа постапката е истата. Најпрво треба да се притисне „Delete“, па потоа „Delete for everyone“.

Засега оваа опција не е пуштена кај сите корисници бидејќи компанијата сака да направи тест на оваа можност, но ако таа се покаже како корисна, за кратко време ќе биде достапна за сите корисници.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Софтвер

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more

Microsoft ја укинува поддршката за Android апликациите на Windows

Read more

Apple казнет со 1,8 милијарди евра за кршење на правилата за стриминг

Read more

Корисниците на Windows 11 сега можат да ги користат мобилните како веб камери

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе