Музика

Новата песна на Џеси Џеј „Queen“ е инспирација за жените ширум светот

23. ноември 2017 - 12:08 | М.Д.

Џеси Џеј го претстави новиот сингл „Queen“ кој ќе се најде на нејзиниот претстоечки албум „R.O.S.E“. Песната во која англиската пејачка може да се пофали со голема доза на самодоверба би можела да биде инспирација за жените ширум светот.

Пејачката поголемиот дел од песните од новиот албум ги напишала сама, додека продукцијата му припаднала на DJ Camper.

„Ја напишав оваа песна бидејќи сите треба да се сетиме колку сме внатрешно и надворешно убави. Ова не е уште една песна за мене. Ова е начин на размислување и мантра која сите ја заслужуваме. Ви благодарам на безусловната љубов и поддршка. Ве сакам сите“, вели Џеси Џеј.

Џеси Џеј во септември оваа година ја претстави песната „Think About That“, со која и го најави новиот албум. Џеси истакнува дека сакала да направи албум кој ќе го слуша сама дома.

„Музиката која ја создадов за овој албум е музика која ја слушам. Тоа е најголемата промена која сакав да ја направам“, вели Џеси.

Последниот албум „Sweet Talker“ таа го објави пред три години, а обожавателите го поздравија нејзиното враќање на музичката сцена.

Коментирај