Мобилни

Новата премиум Nokia за 2019 година ќе има пет камери

7. ноември 2018 - 14:48 | К.З.

Nokia, односно компанијата HMD Global, која ги произведува телефоните на Nokia, откри дека во првите неколку месеци од наредната година ќе претстави нов телефон од премиум сегментот. Според шпекулациите, се работи за Nokia 9 PureView.

Благодарение на PhoneArena имаме можност да видиме како изгледа Nokia 9 PureView од сите агли.

Рендерите се базирани на CAD скици кои можеби не се 100% прецизни, но и покрај тоа ни даваат добар увид околу плановите на Nokia за новиот смартфон. Забележливо е дека Nokia 9 PureView ќе има пет камери на задниот дел, но ќе нема „notch“ на врвот од екранот, како што имаа поголемиот дел од флегшип телефоните кои беа промовирани во 2018 година.

Со 2:1 QHD екранот со дијагонала од 5,9 инчи, Nokia 9 PureView изгледа како да ги следи трендовите во голема мера. Уредот ќе има остар приказ на слика, а притоа нема да има потреба да се натпреварува со останатите производители за големината на дисплејот.

Надворешните димензии на телефонот изнесуваат 155 x 75 x 79 милиметри, што го прави подолг и подебел од 5,5-инчниот Nokia 8 Sirocco.

Повеќе фотографии од новата Nokia 9 PureView можете да најдете на веб-страната PhoneArena.

Коментирај