Мадалина Генеа, романската актерка и модел која многумина ја сметаат за најубавата жена во светот и ја нарекуваат новата Софија Лорен, блесна на црвениот тепих во Кан.

35-годишната актерка на филмскиот фестивал се појави во свечен кафен фустан со длабок шлиц кој ги истакна нејзините долги нозе.
Фустанот имаше едно отворено рамо и беше врзан околу вратот, а аутфитот го комплетираше со златни обетки и сандали на високи потпетици.
Првата значајна улога на Мадалина беше во филмот „House of Gucci“ каде ја играше Софија Лорен, а поради нејзиниот изглед многумина ја споредуваат токму со познатата италијанска актерка.
Наскоро ќе излезе и филмот „Deep Fear“ во кој главната улога ја има убавата Романка.
Мадалина накратко беше во врска со Леонардо ди Каприо и Џерард Батлер.