Авто новости

Новата Supra е помоќна и побрза отколку што тврди Toyota

22. мај 2019 - 17:53 | К.З.

Од засега непозната причина, јапонската компанија Toyota „излажа“ за перформансите на нивната нова верзија на култниот модел Supra. Според тестовите, овој автомобил е побрз и помоќен од она што беше најавено, што претставува редок случај во автомобилската индустрија.

Кога првпат беше најавена, Toyota Supra беше претставена како модел кој располага со 338 коњски сили и 494 Nm вртежен момент, а забрзувањето од 0-100 км/ч требаше да трае 4,1 секунди.

Меѓутоа, тестовите кои ги направи екипата на Car and Driver покажаа дека новата Supra развива 342 коњски сили и 578 Nm вртежен момент, а притоа забрзува од 0 до 100 км/ч за само 3,8 секунди. Според тестовите на динамометарот покажуваат дека Supra има 4 коњски сили и 84 Nm отколку што пишува во спецификациите на Toyota.

Би можело да се каже дека Toyota целосно го потценува 3.0-литарскиот мотор на BMW кој е вграден во новата Supra, можеби поради поврзаноста со моделот Z4, кој беше развиван заедно со Supra-та. Тестовите покажуваат дека Toyota Supra има поголем вртежен момент од BMW Z4 иако го користи истиот мотор, а и повеќе коњски сили.

Коментирај