Концепти

Новата технологија ќе им помага на возачите да останат будни зад воланот

30. декември 2019 - 17:37 | М.С.

Додека возите автомобил, секое губење на концентрацијата може да биде погубно за вашиот живот. Употребата на мобилен телефон, цигари, музика или храна се причина за 30 проценти од сообраќајните несреќи на улиците, додека 20 проценти од несреќите се припишуваат на уморот, се наведува во извештајот на Европската комисија. Поради тоа, до 2020 години новите безбедносни технологии ќе станат задолжителни за сите нови европски возила.

Bosch, познатата германска компанија за инженеринг и технологија, позиционирана како главен добавувач за оваа технологија, во декември разви систем за следење на внатрешноста на автомобилот кој открива возачи кои заспале во текот на возењето.

Технологијата ќе започне да се вградува во возилата од 2022 година, ќе користи камери и вештачка ителигенција за да открие кога на возачот му се приспива, кога возачот гледа во мобилниот телефон или кога е свртен кон некој од патниците.

Алгоритамот е наместен за да користи снимки од возењето и да го проценува уморот на возачите зависно од положбата на неговите очни капаци и брзината на треперењето на окото, како и отчукувањето на срцето.

Врз основа на овие параметри може да се препознае дали сте уморни, вели за CNN Анет Фишер, промоторка на новиот систем за следење на Bosch.

Во тој случај, новата технологија може да ги предупреди возачите, да им препорача да направат пауза или да им ја намали брзината со која се движат.

Обликот на предупредување, без разлика дали станува збор за звук, светло, успорување или дури волан кој вибрира ќе зависи од желбите на произведувачите на автомобили затоа што составот ќе биде прилагоден на нивниот бренд како и на потрошувачите.

Сообраќајните несреќи ширум светот се причина за милион изгубени животи секоја година, се наведува во извештајот на светската здравствена организација за 2018 година.

Употребата на мобилните телефони го зголемува ризикот од сообраќајни несреќи за 4 пати, додека пишувањето СМС пораки го зголемува ризикот и до 23 пати.

Коментирај