Нови 136 случаи, 8 лица починаа од COVID-19

Во последните 24 часа се направени 1.208 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на COVID-19.

По градови:
- Скопје 80
- Куманово 6
- Штип 1
- Прилеп 3
- Тетово 24
- Струга 1
- Велес 3
- Охрид 5
- Гостивар 4
- Струмица 1
- Крива Паланка 1
- Кочани 1
- Кичево 1
- Ресен 4
- Неготино 1

Починати се 8 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, двајца пациенти од Тетово, еден од Велес и еден пациент од Кичево.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 43 оздравени пациенти.

- Скопје 26
- Штип 1
- Прилеп 1
- Тетово 6
- Велес 4
- Гостивар 2
- Кочани 1
- Пробиштип 1
- Кратово 1

Во текот на вчерашниот ден, веднаш по приемот, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 57-годишен пациент од Велес. 

Во ГОБ „8 Септември“ починаа две лица од Скопје пациент (56 г.) примен на 11 јуни и пациентка (68 г.) примена на 13 јуни. Починаа две лица од Куманово, пациентка (47 г.) примена на 12 јуни и пациентка (59 г.) примена на 14 јуни. Починаа две лица од Тетово, пациент (78 г.) примен вчера и  пациентка од (47 г.), хоспитализирана на 22 јуни. Во Општата болница во Битола почина пациент од Кичево (61 г.) хоспитализиран на 21 јуни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.445, бројката на оздравени пациенти е 2.091, на починати е 259, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.095.

Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
•       Скопје 2.667, активни 1.785
•       Куманово 709, активни 254
•       Дебар 83, активни 31
•       Штип 277, активни 186
•       Прилеп 238, активни 19
•       Тетово 582, активни 338
•       Струга 182, активни 102
•       Велес 172, активни 32
•       Битола 43, активни 14
•       Охрид 124, активни 104
•       Кавадарци 11, активни 6
•       Гостивар 92, активни 53
•       Гевгелија 10, активни 6 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 13, активни 9
•       Крива Паланка 12, активни 6
•       Радовиш 4,
•       Крушево 6, активни 3
•       Кочани 62, активни 27
•       Пробиштип 13, активни 9
•       Демир Хисар 1,
•       Македонски Брод 3, активни 1
•       Пехчево 5, активни 2
•       Берово 2, активни 1
•       Валандово 6, активни 4
•       Виница 3,
•       Делчево 1,
•       Кратово 4, активни 1
•       Свети Николе 17, активни 15
•       Кичево 10, активни 6
•       Ресен 73, активни 72
•       Неготино 20, активни 9 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.208 тестови се преку: ИЈЗ - 506, Авицена - 102, Биотек - 108, МАНУ - 110, Клиника „Жан Митрев“ - 205, Судска медицина - 6 и Систина  со PCR метода - 171. Досега во земјата се направени вкупно 54.456 тестирања на COVID-19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се четворица пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти од кои на кислородна поддршка се 36 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани едно дете и 11 возрасни позитивни на COVID-19.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 17 нови, од кои четворица пациенти се трансферирани во болницата во Козле. До изутрината вкупно хоспитализирани се 124 пациенти од кои на респираторна машина се пет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и сомнителни на COVID-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
•       Чаир – 413
•       Аеродром – 135
•       Бутел – 136
•       Гази Баба – 149
•       Центар – 127
•       Карпош – 124
•       Сарај – 141
•       Кисела Вода – 101
•       Ѓорче Петров – 83
•       Студеничани – 89
•       Шуто Оризари – 72
•       Арачиново – 49
•       Илинден – 33
•       Петровец – 16
•       Чучер Сандево – 16
•       Сопиште – 12
•       Зелениково – 2
•       Странец – 3
•       Нераспределени – 3

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Read more
 

Вести

  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Читај повеќе