Нови 19 случаи на коронавирус и 126 оздравени пациенти

Нови 19 случаи на лица позитивни на коронавирус и 126 оздравени се регистрирани во земјава во изминатите 24 часа. Во истиот период починале две лица заболени од COVID-19, информираат Министерство за здравство.

-Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 126 оздравени пациенти во: Скопје – 22, Штип -1, Струга – 19, Охрид – 1, Велес – 6, Гевгелија -3, Кавадарци – 1, Крива Паланка -1 и Куманово -72.

Во ГОБ „8 Септември“ починаа две лица, пациентка од Липково (Куманово) на 49 години, примена на 3 април со потешкотии во дишење и веднаш поставена на респиратор и 73-годишен пациент од Скопје, примен на 19 април во многу тешка општа состојба.

Во изминатите 24 часа направени се 335 тестирања, а потврдени се 19 нови случаи на COVID-19 и тоа во: Скопје-3, Куманово -8, Прилеп -2, Струга -2, Велес -2, Гостивар-1, Виница -1, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Со ова вкупната бројка на COVID-19  дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.386, а последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 471, Куманово – 371, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –141, Тетово – 73, Струга – 64, Велес – 66, Битола –19, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –15, Гевгелија – 4,   Струмица – 2, Крива Паланка-5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2,     Неготино -4, Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 1, Валандово -1, и Виница – 2.

Од направените 335 теста преку ИЈЗ се изработени 290, Ветеринарен факултет – 0, Авицена – 0, Биотек –25, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода  – 15 и МАНУ -5 .  Досега во земјата се направени вкупно 15.120 тестирања на COVID-19.

На Инфективната клиника во Скопје примени се тројца нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. Од нив пет се на механичка вентилација и 25 со потешка слика и кислородно зависни. Останатите пациенти се стабилни. Во ГОБ „8 Септември“, примени се шест нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 29. Со потешка клиничка слика се пет пациенти, а вкупно на респираторна машина се седум лица.

Во Болницата во Битола се лекуваат седум пациенти од кои еден пациент е во тешка општа состојба и на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат 12 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани два пациенти, а на домашно лекување се следат девет пациенти и нивната состојба е стабилна.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе