Нови 20 случаи на COVID-19 во нашата држава

Дваесет нови случаи на COVID-19 и 24 оздравени се евидентирани во последното деноноќие, информираат од Министерството за здравство.

Според податоците оздравените пациенти се регистрирани во Скопје-11, Куманово-10, Тетово-1 и Велес двајца.

Во изминатите 24 часа направени се 275 тестирања, потврдени  нови случаи на COVID-19 се во Скопје-12, Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-2, Битола-1, Гостивар-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1642, бројката на оздравени пациенти е 1136, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 415.

Во соопштението од Министерството за здравство наведуват дека по завршување на епидемиолошката анкета, еден од вчера регистрираните случаи во Куманово е жител на Кратово и согласно ова последната дистрибуција по градови е: Скопје – 550, активни 132, Куманово – 408, активни 53,  Дебар – 51, активни 0,  Штип-35, активни 2, Прилеп –176, активни 68, Тетово – 110, активни 54, Струга – 67, активни 16, Велес – 107, активни 49, Битола –23, активни 4, Охрид –15, активни 9, Кавадарци – 5, активни 1, Гостивар –19, активни 5, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 2, активни 0, Крива Паланка – 6, активни 2, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 5, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 1, Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 2, Делчево-1, активни 1, Валандово -1, активни 1,  Виница – 2, активни 0,  Кратово-2, активни 2,  Берово-1, активни 1.

Направените се 275 теста и тоа преку ИЈЗ –185, Ветеринарен факултет -15, Авицена –0, Биотек -32, Филип Втори (Жан Митрев) –2, Систина со PCR метода  -24 и МАНУ -17, а досега во земјата се направени вкупно 19096 тестирања на COVID-19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се тројца пациенти, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација тројца пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се двајца нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 16. На респираторна машина се четворица пациенти.

Во болницата во Битола нема хоспитализирани позитивни или сомнителни на ковид, а на домашно лекување се следат тројца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно шест, а уште еден пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и Охрид сe хоспитализирани 54 пациенти, позитивни и сомнителни на COVID-19.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе