Нови 37 случаи на COVID-19, 2 лица починаа

Потврдени 37 нови случаи на COVID-19 со што вкупно во земјата се 1207 дијагностицирани пациенти, починаа две лица, а оздравени се 15 пациенти, соопштија денеска од Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 15 излекувани пациенти, шест пациенти од болничко лекување и девет кои се лекувале во домашни услови.

– Починати се двајца пациенти, позитивни на COVID-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 Септември“ пациент од Штип на возраст од 83 години, и двајцата со претходни коморбидитети, појаснуваат во соопштението од МЗ.

Во изминатите 24 часа потврдени се 37  нови случаи на COVID-19 и тоа Скопје 8, Куманово 9, Прилеп 5, Тетово 3, Велес 3, Охрид 8 и Кочани 1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со COVID-19 во нашата земја изнесува 1207. Во Скопје 409, во Куманово 329, Дебар 51, Штип 32, Прилеп 117, во Тетово 55, Струга 55, Велес 58, во Битола 17, Охрид 15, Кавадарци 4, Гостивар 12, Гевгелија 4, Струмица 2, во Крива Паланка 4, Радовиш 4, Крушево 3, Кочани 27, Пробиштип 2, Кичево 2, Неготино 2, Демир Хисар 1 и Македонски Брод 2.

Во изминатото деноноќие, се подвлекува во соопштението од МЗ, направени се 314 теста. Преку ИЈЗ 222, преку Ветеринарен ф-тет 0, Авицена 3, Биотек 27, Филип Втори (Жан Митрев) 17 и Систина со PCR метода  45 . Досега во земјата се направени вкупно  11.870 тестирања на ковид -19.

На Инфективната клиника во Скопје, примени се осум пациенти. Вкупно се хоспитализирани 55, од кои 17 се на кислородна поддршка, а пет се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се седум нови, а вкупно се хоспитализирани 34 пациенти, седум пациенти се приклучени на респираторна машина. Од болницата со дозвола на ДЗСИ се испишани три пациенти, се уште позитивни, но во општа добра состојба кои продолжуваат со лекување во домашни услови, под постојан лекарски надзор и редовни контролни брисеви.

Во болницата во Битола, се посочува, се хоспитализирани 13 пациенти, од нив три се на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат уште 15 пациенти.

Во штипската болница во мометов се лекуваат пет ковид позитивни пациенти, испишано е едно четиричлено семејство. Нивните први контролни брисеви се негативни, а пациентите се во општа добра состојба. До вториот негативен контролен брис, информираат од МЗ, пациентите ќе бидат под редовен лекарски надзор. Преку болницата во Штип се следат уште 20 пациенти кои се лекуваат во домашни услови.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more
 

Вести

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе