Во Франција досега се регистрирани 12.210 смртни случаи на COVID-19, а уште 30.000 лица се наоѓаат на болничко лекување, јави дописникот на МИА.
Генералниот директор за здравство појасни дека од вкупно 12.210 смртни случаи, 8.044 биле во болниците, додека 4.166 во социјалните установи и старските домови.
Денеска се регистрирани 4.799 нови заразени, додека 1.341 починаа во последните 24 часа.
Покрај исклучителната ситуација во која се наоѓа земјата, генералниот директор за здравство забележа дека за прв пат вкупниот број на пациентите на интензивна нега се намали за 86 пациенти, па сега во критична состојба се наоѓаат 7.066 лица.