Нови детали за масакрот во Германија, случајот се води како терористички чин

Властите имаат основани сомненија дека мажот кој изврши напади на два наргиле барови во западна Германија и уби најмалку деветмина, а потоа беше најден мртов во неговиот стан, бил екстремен десничар.

Канцеларката Ангела Меркел изјави дека има многу знаци дека мотивот на напаѓачот во Ханау бил расизам.

Федералното обвинителство го води случајот како терористички чин. Дел од убиените се смета дека имаат турско потекло.

Полицијата соопшти дека 43-годишниот напаѓач се самоубил. Бил најден мртов во неговиот дом, заедно со мртвото тело на мајка му.

Таблоидот Bild објави дека осомничениот бил германски државјанин со дозвола да поседува огнено оружје и дека во неговиот автомобил биле најдени муниција и списанија за оружје.

Полицијата го анализира видеото кое осомничениот најверојатно го објавил на социјалните мрежи неколку дена пред нападите, во кое зборува за екстремно-десничарски теории на заговор. Bild исто така објавил дека напаѓачот оставил писмо во кое го признава делото.

Инцидентот се случи во време на засилена загриженост околу насилството поврзано со екстремната десница во Германија.

„Расизмот е отров. Омразата е отров. А отровот постои во нашето општество и е виновно за многу злосторства“, рече Меркел од Берлин.

Што се знае за нападите досега?

Пукањето почнало синоќа во 22 часот по локално време, а првата мета бил наргиле барот Midnight во центарот на Ханау. Очевидци велат дека слушнале десетина истрели.

Осомничениот потоа наводно влегол во темен автомобил и се упатил во населбата Кеселштад каде отворил оган во локалот Arena Bar & Cafe.

Наргиле баровите се места каде посетителите се собираат да пушат наргиле, познато и како „шиша“ или „хука“. Традиционално, наргилето се користело на Блискиот Исток и некои азиски земји, а денес е популарно во многу делови од светот.

Откако излезе информацијата дека дел од убиените имаат турско потекло, Ибрахим Калин - портпаролот на турскиот претседател – објави твит во кој побара темелна истрага од германските власти и додаде: „Расизмот е колективен канцер“.

По пукањата, полицијата почна седумчасовна потрага и првично се мислеше дека имало повеќе од еден напаѓач. Полицијата го идентификувала напаѓачот со помош на информации од очевидци и камери за надзор.

Рано утрово, полицијата изврши упад во домот на напаѓачот, во близина на вториот нападнат локал, каде било најдено мртвото тело на напаѓачот, како и телото на неговата 72-годишна мајка.

Ханау е град од 100.000 жители и се наоѓа во покраината Хесе, на околу 25 километри од Франкфурт.

Министерот за внатрешни работи на Хесе, Петер Бојт, изјави дека службите анализираат и веб-страница која се смета дека ја водел напаѓачот.

„Засега знаеме дека дефинитивно има ксенофобичен мотив. Дали има преземање одговорност или некакви документи, тоа ќе покаже истрагата“, рече тој.

Меркел вети дека ќе направи сѐ за да се разјасни позадината на нападот.

„Во моментов има многу индикации дека напаѓачот го извршил делото воден од екстремно-десничарски, расистички мотиви, од омраза кон луѓе поради нивното потекло, религија или изглед“, рече таа.

Законите за поседување оружје во Германија се едни од најстрогите во светот, а дополнително беа затегнати во изминативе години, откако се случија други масовни пукања.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе