Гејминг

Нови детали за Sony PlayStation 5: Виртуелна реалност, брзина и моќност

21. мај 2019 - 17:07 | К.З.

На денешната конференција Sony најави дека новиот PlayStation 5 ќе претставува драстично подобрување во однос на неговите претходници и дека со сигурност ќе ги усреќи купувачите. Првите детали за оваа гејминг конзола ветуваат многу, што влева доза на оптимизам кај идните корисници.

Sony открива дека новиот PS5 ќе има гејмплеј со можност за виртуелна реалност, благодарение на големите подобрувања во однос на графичките перформанси.

Покрај тоа, PlayStation 5 ќе пристигне со подобрен cloud систем и далеку поголеми брзини во однос на неговиот претходник PlayStation 4. Во видео кое го направи Такаши Мочизуки, репортер на The Wall Street Journal, е прикажано колку побрзо и помазно PS5 процесира видеа, за разлика од PS4.

Како што напоменавме погоре, Sony ќе претстави и нов, усовршен cloud систем на кој работеше заедно со Microsoft. Тоа ќе биде всушност подобрување на актуелниот PlayStation Now, но со мали подобрувања.

Sony PlayStation 5 ќе пристигне на пазарот со процесор од следната генерација – осумјадрен AMD Ryzen CPU со 7-нанометарска Zen 2 микроархитектура. Од новиот уред ќе може да очекувате подобрување во поглед на намалување на времето за вчитување, отстранување на „сецкањето“ и значителен прогрес во полето на оперирањето на cloud системот. Сега ни останува само уште да дознаеме колку ќе чини конзолата.

Коментирај