Претстојниот смартфон Galaxy S8 нестрпливо се очекува, а на пазарот ќе се појави во две верзии. Сега протекоа две нови фотографии на кои се гледаат двата уреди еден покрај друг.
Samsung ќе ја претстави стандардната верзија со 5,7 инчен екран, како и поголемата верзија S8 Plus со 6,2 инчен екран.
Помалиот S8 ќе ја има истата големина како и ланскиот Galaxy Note 7, а S8 Plus верзијата ќе биде поголем.
Очекувањата се дека Samsung на 29 март ќе ги претстави двата модела, кога ќе бидат откриени сите детали.