Нови фотографии покажуваат голем редизајн на овогодинешниот iPhone

Нови протечени фотографии кои се појавија на интернет покажуваат дека Apple ќе направи голем редизајн на iPhone смартфоните за оваа година. Но, овојпат редизајнот не доаѓа однадвор, туку однатре.

Фотографиите кои оригинално беа објавени на Slashleaks покажуваат нова матична плоча на iPhone моделите од најновата генерација.

Матичната плоча (основна логичка плоча) е главниот внатрешен елемент на телефонот и таа е одговорна за спојување и комуникација со различните електронски делови кои прават телефонот да работи.

Површно, не може да се забележи што точно ќе добиеме со новиот редизајн. Не знаеме како тоа ќе се одрази на надворешниот дизајн, ниту пак кои функции и карактеристики ќе ги има новиот iPhone со редизајнираната матична плоча. Но, според фотографиите изгледа дека Apple прави обид за да ослободи место за поголема батерија.

Досега неколку извори најавија дека новиот iPhone би требало да има батерија со 20% поголем капацитет од оној на постоечката генерација. Модифицираната батерија би требало да помогне со неколкуте нови, засега непознати, карактеристики кои ќе ги има овогодинешниот iPhone.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе