Нови кривични пријави против обвинители во Специјалното јавно обвинителство

Различни физички лица поднеле нови кривични пријави против обвинители во Специјалното јавно обвинителство за кривично дело малтретирање во вршење на службата, потврдуваат од Основното јавно обвинителство.

Со претходните пријави досега се поднесени вкупно шест пријави против обвинители во новото обвинителство, една од кривичните пријави е против три познати лица, обвинители и неколку непознати лица, три од кривичните пријави се против неколку непознати лица и две од кривичните пријави се против двајца обвинители и неколку непознати лица.

Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е поднесена една кривична пријава против едно лице, вработено во Министерството за внатрешни работи, за строено кривично дело незаконито влијание врз сведоци.

„Поднесените кривични пријави се распределени за натамошно постапување кај надлежни обвинители“, соопштуваат од Јавното обвинителство.

Од Специјалното јавно обвинителство за Макфакс изјавија дека обвинителите постапувале согласно законските овластувања и најавуваат дополнителни информации на прес конференција.

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева во понеделникот се повика на демантот од Обвинителството и не прецизираше дали навистина сведоците во Обвинителството се испрашувале без адвокат и нивните искази не биле снимани.

„Предистражаната постапка е тајна и сите сведоци кои се сослушани и кои ќе бидат сослушани ќе бидат предмет на оценка на судот кога ќе се отворат истражните постапки“, рече Јанева.

Тимот на Специјалната обвинителка во понеделник започна увид во предметот „Пуч“, во којшто е обвинет лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Од судот на располагање ни е оставена просторија за вршење на увид. Како што напомнавме увидот се уште трае и во овој момент не сме во можност да Ви обезбедиме дополнителни информации“, информираат од Специјалното обвинителство.

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Read more

Како Кина ја добива трговската војна?

Read more

Дали пиењето шотови маслиново масло е добро за здравјето?

Read more

Хроника

Скопјанка измамена за 170.000 денари со повик за лажна сообраќајка

Read more

Маж од Неготино присилил скопјанка на полови дејствија, ја снимал и ѝ барал пари за да не го објави видеото

Read more

Спречен обид за шверц на фалсификат прашок Ariel штетен за здравјето на луѓето

Read more

По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка

Read more
 

Вести

ЕУ драстично ги заострува ограничувањата за мигрантите

Читај повеќе

Скопјанка измамена за 170.000 денари со повик за лажна сообраќајка

Читај повеќе

Денеска се празнува Свети Климент Охридски

Читај повеќе
  • filter

Студенти „светнаа“ две слики на мајсторот Мартиновски

Читај повеќе
  • play_arrow

Трамп: Разочаран сум од Зеленски

Читај повеќе
  • play_arrow

Милошоски: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајланд ја нападна Камбоџа

Читај повеќе

Како Кина ја добива трговската војна?

Читај повеќе

Цените на нафтата благо растат втора недела по ред

Читај повеќе