Нови мерки во Србија – угостителските објекти ќе работат до 18 часот, забрана за јавни собири

Српската Влада, поради влошување на состојбата со епидемијата на коронавирус, денеска донесе седум нови мерки кои ќе се применуваат од вторник.

Новите противепидемиски мерки се однесуваат на намалување на работното време до 18 часот за ресторани, кафулиња, барови, клубови, обложувалници и трговски центри; задолжителна употреба на опрема за лична заштита (носење заштитна маска) во затворен простор, како и на отворено во оние ситуации кога не може да се избегнат контакти; забрана за сите јавни собири со присуство на повеќе од пет лица.

Исклучени од оваа мерка се работни организации, училишта, продавници, трговски центри и слични објекти, кои подлежат на пропишаниот лимит за бројот на присутни лица во секое време во однос на квадратурата на објектот (минимум четири квадратни метри по лице).

Исто така треба да се овозможи работа од дома на сите вработени чиј што работен процес го дозволува тоа.

Пропишана е строга контрола на обврската за носење заштитна маска во јавниот превоз, со ограничување на максималниот број патници во возилото до половина од декларираниот капацитет на возилото.

Исто така ќе има и строга контрола на спроведувањето на домашната изолација, домашниот карантин (самоизолација), како и сите други анти-епидемиски мерки што се на сила.

Српската Влада наведува дека мерките се ограничени на период од 10 дена и ќе бидат преиспитани во согласност со моменталната епидемиолошка состојба.

„Владата исто така ја користи оваа можност уште еднаш да побара и силно да апелира до сите граѓани да се однесуваат одговорно кон себе и кон другите сограѓани. Сите донесени мерки се насочени исклучиво на зачувување на вашиот живот и здравје“, се наведува во соопштението.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе