Нови откритија: Како била изградена Кеопсовата пирамида во Гиза?

Со векови беше една од најголемите мистерии: Како друштвото од Бронзеното време успеало да ја изгради Кеопсовата пирамида во Гиза, најстарата и единствената преживеана од Седумте светски чуда на стариот свет?

И покрај тоа што постојат голем број на теории за тоа како било изградена, сега се откриени и докази кои ја поддржуваат теоријата дека Египјаните транспортирале два и пол тешки кварц блокови до местото каде била изградена Кеопсовата пирамида на оддалеченост од 800 километри.

Со 138,75 метри висина, Кеопсовата пирамида не само што е најголема во Египет, туку се до Средниот век беше и најголемата градба некогаш направена од човек.

Сега откритија од древни списи на папирус, церемонијален брод и генијален систем на водни канали фрлаат ново светло на начинот на кој била изградена големата пирамида околу 2,600 години пред новата ера.

Археолозите откриле списи кои објаснуваат дека илјадници работници транспортирале 170.000 тона кварц во дрвени бродови, поврзувани заедно со јажиња, преку Нил и посебна мрежа на канали, кои воделе до пристаниште направено во непосредна близина на местото каде била изградена пирамидата.

Спис од папирус, кој бил пронајден во пристаништето Вади ел Џарф на Црвеното море, е автентичен и го покажува од прва рака сведочењето на Мерер, лидер на тим од 40 елитни работници, во кој детално опишува како големите блокови кварц биле пренесени од Тур до Гиза.

И покрај тоа што одамна се знаело дека гранитот, од кој биле направени внатрешните одаи на пирамидата, ископан во Асуан, околу 850 километри јужно од Гиза, а дека кварцот пристигнал од Тур, десетина километри подалеку, археолозите не се согласувале околу тоа како биле префрлени до градилиштето.

Археологот Марк Ленер, еден од водечките експерти на ова поле, откри докази околу некогашниот воден пат кој водел до Гиза.

„Точно утврдивме каде се наоѓал централниот канал, за кој сметаме дека бил примарниот пат за донесување на материјалот во подножјето на Големата пирамида“, изјави Ленер.

Новите откритија се претставени и во документарецот „Egypt's Great Pyramid: The New Evidence“.

Во него е претставено и откритието на уште еден археолошки тим кој го открил церемонијалниот брод измислен за Кеопс да командува со нив во задгробниот живот. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе