Нови пожари низ Куманово, гори и во скопските села Ракотинци и Кучково

Нови пожари попладнево се разгоруваат на територијата на Општина Куманово.

Порталот Кумановски Муабети пренесува дека пожар се шири во селото Четирце и се заканува на дел од куќите и викендиците.

Пожарот го пријавиле во Територијалната противпожарна единица во Куманово, од каде им било кажано дека во овој момент немаат слободно противпожарно возило бидејќи активни се 10 пожари.

Мештаните на селото Четирце, за Кумановски Муабети, велат дека сами го гаснат пожарот, но не можат да сторат многу бидејќи во селото нема струја и вода, а дува и силен ветер кој не им оди во прилог, известува kumanovskimuabeti.mk.

Пожар ги зафати и скопските села Ракотинци и Кучково, потврдија за МИА од Центарот за за управување со кризи.

За пожарите се известени припадниците на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје. Во моментов се преговара за исклучување на струјата со ЕВН со цел да не се предизвикаат дополнителни искри и ширење од пожарот.

Од ЦУК велат дека пожарот од Ракотинци се движи кон Сопиште.

На мејлот на МИА стигна и писмо потпишано од жители на селото Кучково, во кое наведуваат дека пожар го зафатил селото и упатуваат апел да се реши проблемот со водата.

-Почитувани медиуми вие сте нашиот спас, ПОМАГАЈТЕ! Општината не се јавува на нашите повици. Без капка вода сме, ако се прошири пожарот ќе изгориме! Во селото живееме само постари луѓе ако зафати тешко ќе може да се спаси нешто, се наведува во писмото. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more
 

Вести

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе