Нови правила, нови решенија: Кастер Семенја го изгуби спорот со ИААФ

Контроверзната атлетичарка Кастер Семенја го изгуби спорот во случајот со Меѓународниот атлетски сојуз (ИААФ), кој со новите правила има дозвола да го ограничи нивото на тестостерон кај жените атлетичарки.

Арбитражниот спортски суд (ЦАС) ја одби жалбата на јужноафричката атлетичарка која се однесува на новите правила на ИААФ.

Според новите правила, Кастер Семенја ќе треба да зема посебни медицински лекарства кои ќе го намалат нивото на тестостерон во нејзиното тело, со цел да може да добие дозвола да се натпреварува покрај останатите атлетичарки во женска конкуренција. Таа и другите атлетичарки со пореметувања во сексуалниот развој (ДСД) ќе мора да земаат медикаменти доколку сакаат да учествуваат на кратките трки до 400 метри или во спротивно ќе мораат да ја променат дисциплината.

ЦАС ја одби жалбата на Семенја, но објави дека судот е навистина загрижен поради практичната примена на новите правила во иднина, како и за нивниот ефект над спортот.

„ИААФ веќе десет години се обидува да ме забави, но тоа само ме направи посилна. Одлуката на ЦАС нема да ме запре. Ќе поминам преку ова и ќе продолжам да бидам инспирација за младите жени и атлетичарки од Јужна Африка и целиот свет“, изјави 28-годишната Семенја.

Според ЦАС, новите правила за атлетичарките со ДСД се дискриминаторски, но потребни, разумни и пропорционални, за да се заштити угледот и интегритетот на натпреварувачките.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе