Авто новости

Нови проблеми за сопствениците на Tesla Model 3

14. февруари 2019 - 16:51 | А.С.

Tesla ги преброди првичните проблеми со воведувањето на големо сериско производство, но се сочува со нови проблеми.

Зголеменото производство му задаваше маки на американскиот производител на електрични возила, како и логистиката при испорака, а сега сопствениците на најпопуларниот модел на Tesla, Model 3, се соочуваат со нови проблеми.

Според Wall Street Journal, Tesla Model 3 е автомобил со кој „не смеете да направите сообраќајна несреќа“ бидејќи и најмалата штета ќе ве тргне од улиците и патиштата неколку месеци.

Сега проблемот е недостигот на делови, па така на пример за нов заден браник наводно се чека најмалку три месеци. Ситуацијата со другите резервни делови не е нешто подобра – за замена на делови што за други автомобил би биле потребни неколку часа, за Model 3 би можело да се чека со месеци.

Сопственикот на Tesla Елон Маск е свесен за проблемите, па одлучи сервисните услуги и нивната оптимизација да ги стави на листата приоритетни теми со кои ќе се занимава во овој квартал.

Коментирај