Нови простории за тестирање од COVID-19, најави Караџоски

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџоски на денешата прес-конференција соопшти дека утре наутро во 7:30 часот ќе бидат отворени нови  простории, во близина на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, со што ќе се забрза процедурата за тестирање од COVID-19.

– Покрај приемното одделение што е долу, уште едно приемно одделение во кое ќе имаме лаборант и ќе ја забрзаме работата за земање тестови, рече на денешната прес-конференција Караџоски. Додаде дека метежот што се создал од 20-25 луѓе, кои ќе бидат распределени на двата пункта за земање материјал, утре ќе го снема.

– Тестови има, лаборанти имаме доволно во моментов. Земањето на овие тестови, односно дијагностиката ќе ја прави Институт за јавно здравје. На досегашните 700-750 ќе дојдеме до 1.000 теста кои ќе може да ги прави Институтот за јавно здравје. Епидемилошката служба ќе може да одговори на предизвикот. Работиме прва и втора смена, до 20 часот. Ние тоа ќе го направиме и со додатни термини преку системот „Мој термин“, вели Караџоски.

Според него, народот малку греши што сите доаѓаат во 8 часот наутро и сакаат веднаш да се тестираат. Веднаш не може, како што рече, затоа што редот ќе се направи, има точно обележани места.

– Тестови, лаборанти, дијагностика, статистика и администрација има. Нема потреба да се создаваат редови и гужви. Тестовите се тука и ние тоа ќе го направиме. Ако ги земаме плус и тестовите што ги кажа министерот Филипче, дека ќе може и Центар за јавно здравје заедно со Институт Козле, каде е отидена екипа за да види дали се функционални опрема, простор и кадар, ние можеме во секој момент да дојдеме до 2.000 теста, односно да направиме до 2.000 теста, рече Караџоски. Тој верува дека неделава ќе се усвои планот да имаме и брзи тестови, што ќе се стават во процес на производство и за десетина до 15 минути ќе се создаде дијагностика и ќе се знае дали некој е позитивен или не и тој број на тестови потоа ќе се вклопи во позитивитет или негативитет.

На новинарско прашање за брзите ПЦР тестови, Караџоски рече дека тоа не се тестови за бременост.

– За да се добие позитивен резултат потребно е да имаме антигенски позитивен тест. Тоа е влезено во сите протоколи и така функционираме од март годинава па наваму. Дали може да се купат во аптека, чисто се сомневам дека некој увозник би купил тестови за дијагностика на COVID-19 во домашни услови. Тогаш ние како здравство, јавно и приватно, не му требаме на народот. Она што ние го имаме е поставен базичен систем во јавното здравство кој функционира од март до сега. Бројот на тестови сукцесивно се зголемува, од 200-300 на 2.000, значи здравствениот систем опстојува, не се дава и функционира. Кадарот е тој што го имаме и ние функционираме со натчовечки напори, со ротирање и прераспределување, нагласи Караџоски. Додаде дека епидемилошката служба е таа што ја имаме, тој и уште четворица негови колеги во Институт за јавно здравје и уште неколку медицински сестри со високо образование и техничари.

Караџоски нагласи дека во моментов се прошируваат капацитетите со поголем број тестови и со поголем број места каде ќе се тестира. Најави дека ќе отворат пункт и во Ѓорче Петров за граѓаните од тој дел на градот да не мора да доаѓаат во центарот на Скопје за да се тестираат. Апелираше да се почитуваат препораките за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Министерот за здарвство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашење, рече дека до крајот на неделава ќе се знае дали граѓаните ќе може да се тестираат за COVID-19 во приватните лаборатории, а на сметка на Фондот за здравствено осигурување.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе