Нови ракетни напади во Појасот Газа

МИА/КАЈГАНА
/ 13.05.2021 / 09:07

Во раните утрински часови Израел истрела ракети во северниот дел на Појасот Газа. Според Al Jazeera, воздушните напади се извршени во населбата Шеик Радван. Телата на две лица се пронајдени под урнатините на една куќа.

Како одговор на гранатирањето на крајбрежната енклава, палестинските радикали ја проширија зоната за лансирање ракети. Според Saraya Al Quds, вооруженото крило на организацијата Исламскиот џихад, „огнениот круг се шири и ракетите сега се насочени кон Тел Авив и околината“. Сирените за воздушен напад првпат се огласија во Хаифа, Нахарија и во северниот дел на еврејската држава. Има извештаи за ракети кои удираат во згради, како и предизвикани пожари. Според телевизијата, петмина Израелци биле повредени во предградие на Тел Авив.

Бригадите „Изадин ал-Касам“, милитантно крило на движењето Хамас кое го контролира Појасот Газа, соопштија дека „град од ракети“, кој ги погоди израелските градови, претставува „одговор на гранатирањето на станбени и високи згради во Газа“. Најмалку 130 ракети се истрелани кон Ашкелон, Сдерот и неговата околина, соопшти групата.

Читајте наредно: Чиј е Ерусалим?

Од почетокот на судирите се убиени најмалку 67 луѓе во Појасот Газа, од кои 16 се деца, и седум лица во Израел. 

URL
реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе