Култура

Нови Сад меѓу 10-те најдобри божиќни панаѓури во Европа

11. декември 2019 - 9:16 | МИА

Нови Сад, 11 декември 2019 (МИА) – Нови Сад јa освои десеттата позиција меѓу 24 најдобро опремени и украсени божиќни градови во Европа, според гласањето на порталот European best destinations.

На прво место за Новата 2020 година е унгарската престолнина Будимпешта.

Инаку, меѓу посетителите на страницата од Обединетото Кралство, Русија и Бразил, српскиот Novosadski Winter Fest се наоѓа меѓу трите омилени божиќни панаѓури. Распеаната елка, купот со сено за детски игри и овошната кочија, се оценети како најзанимливи атракции на фестивалот.

Во изборот учествувале речиси 290.000 луѓе од 116 земји ширум светот.

Коментирај