Нови шокантни детали од Ковачки: Безбеден град го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Оливер Спасовски е должен да ѝ одговори на македонската јавност зошто на 4 декември за време на неговата прес-конференција излажа дека возилото на Панче со кое е киднапирана Вања не било регистрирано во системот на камери „Безбеден град“ пред 27 ноември, односно пред денот на убиството, вели Драган Ковачки, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Неколку дена по ред го прашуваме министерот Спасовски, а истиот одбива да одговори за очигледниот и фатален пропуст на МВР чија последица е киднапирањето и убиството на девојчето Вања.

Јавно го прашуваме министерот Спасовски дали возилото е регистрирано на камерите пред 27 ноември, односно на 24 ноември во 6:30 на влезот во Скопје кај Маџари на мостот кај Агросервис?

Понатаму, дали возилото е забележано од камерите на Безбеден град на истата локација и следниот ден, на 25 ноември во 21:15 часот?

Конечно, дали возилото е забележано на камерите кобниот ден на 27 ноември во 7:42 наутро кај 'Александар Палас' и Злокуќани и како е можно тоа возило неконтролирано да помине низ најобезбедуваната локација во Македонија во тој момент, а можеби и во регионот поради непосредните подготовки на Советот на ОБСЕ.

Оливер Спасовски е должен да одговори како е можно возило кое е пријавено дека е исчезнато 5 дена пред киднапирањето на Вања, а за кое тој тврдеше дека не знаеле, да помине покрај 40 камери на 'Безбеден град', Министерството за одбрана и на други субјекти?“, рече Ковачки на прес-конференција.

Тагови
реклама

Новости од Ирак: Девојчињата на возраст од 9, момчињата од 15 години ќе можат да се венчаат

Read more

Ретка снимка од Меланија Трамп како зборува словенечки стана вирална

Read more

Citroën 2CV би можел да се врати како ретро градски автомобил

Read more

Објавена листата на десетте најубави супермодели во светот според златниот пресек

Read more

Македонија

ТАВ Македонија и аеродром Скопје: Не продаваме изгубен багаж, лажни профили сакаат да изнудат податоци од граѓаните

Read more

Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски ослободени од гонење за Oрганизатори на 27 април

Read more

Прашањето е решено, конечно и неповратно: Грчкото МНР ја оценува како провокација изјавата на Мицкоски

Read more

Без струја делови од Сарај, Ѓорче Петров и Зелениково

Read more
 

Вести

Верижен судир на скопската обиколница кај Смилковското Езеро, се судриле автобус, товарно возило и автомобили

Читај повеќе

ТАВ Македонија и аеродром Скопје: Не продаваме изгубен багаж, лажни профили сакаат да изнудат податоци од граѓаните

Читај повеќе

Во објект во Врапчиште најдени питбули и доберман користени за борби на кучиња

Читај повеќе

Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски ослободени од гонење за Oрганизатори на 27 април

Читај повеќе

Прашањето е решено, конечно и неповратно: Грчкото МНР ја оценува како провокација изјавата на Мицкоски

Читај повеќе

Пленковиќ во Давос: Треба да се почнат разговори со Русија, Русите може да ги издржат санкциите

Читај повеќе
  • play_arrow

Најактивниот вулкан во светот повторно еруптираше

Читај повеќе

Додека Давос го чека говорот на Трамп, европските индекси нееднакви, цените на златото и нафтата паѓаат

Читај повеќе

Пијан маж избол во вратот 22-годишна девојка: Обид за убиство во Крива Паланка

Читај повеќе